Самоиницијативно кратење на работно време во една филијала на Македонски пошти!

Уште еден непријатен настан се поврзува со Македонски пошти. Овој пат, со вработени кои очигледно сакале да го прекратат работното време. Еден наш читател, на мејлот на Puls24.mk прати писмо со револт од неодговорноста на вработените.Во петокот, 24 јули 2015 година, еден наш читател отишол до една од филијалите на Македонски пошти да прати писмо.
Писмото било службено и тој требало да го прати истиот ден, кога бил втора смена на работа.
Со оглед на тоа дека работното време на поштата стои дека е до 20 часот, тој побрзал во 19:40 часот за да претрча преку улица и да го прати писмото.
Но, го дочекала ширум отворена врата со заглавен камен за да не тресне и мрзоволен одговор на еден од вработените дека е затворено. Според насловната фотографија, може да забележите дека стои дека работното време е до 20 часот.
Нашиот читател напомена дека тие веќе биле подготвени да си заминат, иако работното време им траело уште 20 минути.
Ако некому не му се работи, тоа не значи дека и други луѓе треба да настрадаат поради нечија неажурност, како и фирми да трпат финансиски загуби. Тие 20 минути можат да спасат нечиј бизнис, а можат и да го уништат ако не се испрати некоја пратка на време.
„Одговорноста е голема кога се работи во јавни институции, затоа не ми е јасно како некој може да си дозволи така да се однесува кон обичните луѓе“ – стоеше во последната реченица од обраќањето на нашиот читател до нас.
ПОГЛЕДНЕТЕ: Како вработен во „Македонски пошти“ се справува со гужвата?Во петокот, 24 јули 2015 година, еден наш читател отишол до една од филијалите на Македонски пошти да прати писмо.
Писмото било службено и

Пронајдете не на следниве мрежи: