Самопрогласен експерт за човекови права ги поддржа фашистичките методи на СДСМ

Уште еден довчерашен самопрогласен борец за слобода и самопрогласен експерт за човекови права, Жарко Трајаноски, ги поддржа фашистичките предлози на СДСМ и повика на линч на медиумите.Откако лидерот на СДСМ скандалозно на прес конференција изјави дека најгледаните телевизии и најтиражниот дневен весник се политички непријатели на СДСМ, ваквата закана и отворен притисок кон медиумите предизвикаа остри реакции во фелата, но не и кај соросовите експоненти кои во јавноста се “продаваат“ како борци за слобода и демократија.
Токму еден таков самопрогласен борец за слобода, Жарко Трајаноски, бесрамно повика на линч на медиумите.
-Корумпираните „куртон“ медиуми, кои со години поттикнуваат на омраза и непријателство кон опозицијата и критичарите на груевизмот, продолжуваат да глумат „борци за слобода на медиумите“. Многу добро ги разбирам. Ако се среди состојбата во медиумите, тие ќе ги изгубат владините дотации и многу од нив ќе го изгубат разлогот за своето постоење, напиша Трајаноски.  
Самопрогласениот експерт за човекови права со ова ги поддржа фашистичките методи на СДСМ, кои се спротивни на сите европски стандарди и конвенции за слобода на изразување и слобода на информирање. На виделина уште еднаш излезе вистинското лице на овие лажни борци, кои секојдневно повторуваат дека се борат за некаква слобода, но всушност го практикуваат токму спротивното.Откако лидерот на СДСМ скандалозно на прес конференција изјави дека најгледаните телевизии и најтиражниот дневен весник се политички непријатели на

Пронајдете не на следниве мрежи: