Самоубиствен ноќен напад во Гао

Експлозијата од ноќта кон неделата која одекна во северниот малиски град Гао, е уште втор самоубиствен напад во последните два дена, соопштија воени извори за AFP.Според воениот извор на агенцијата, во нападот не била ранет ниту еден војник на армијата на Мали, но некои улици се затворени во текот на неделата. Очевидци изјавиле дека по експлозијата следеле истрели од правец на позиции на војската, но и возвраќање на огнот од исламистичките бунтовници.Откако претходно во петокот, исто така, во Гао се разнесе бомбаш самоубиец,, засилени се безбедносните мерки во областа. Удвоена е присутноста на безбедносните силите и градот на места е заштитен со двоен појас од вреќи со песок..Одговорноста за нападот од петокот ја презема Движењето за единство и џихад во западна Африка, една од вооружените групации кој од половината на 2012 година го заземаа северот на Мали.Во Гао во саботата беа уапсени две момчиња кои носеа ткн самоубиствени појаси со експлозив, на 20 километри северно од градот.Гао е најголемиот град во северниот дел на Мали, на околу 1.200 километри од главниот град Бамако, а од 26-ти јануари го заземаа војските на Мали и Франција откако ги потиснаа исламистичките групи поврзани со глобалната терористичка организација Ал Каеда.
МакфаксЕксплозијата од ноќта кон неделата која одекна во северниот малиски град Гао, е уште втор самоубиствен напад во последните два дена, соопштиј

Пронајдете не на следниве мрежи: