Општина Кисела Вода денес, во Големата општинска сала организираше прием за одбојкарките на „Јанта Волеј“. Овој клуб од Кисела Вода е македонски шампион во женска сениорска конкуренција во одбојка, за што Одбојкарската Федерација на Македонија денес им го врачи пехарот во салата „Независна Македонија“. За унапредување на спортот, од страна на општината им беше врачена благодарница.На приемот, беше истакната големата поддршка што општина Кисела Вода му ја овозможи на одбојкарскиот клуб „Јанта Волеј“, но беше потенцирана и самопрегорната спортска работа на Горан Јањевиќ, тренер и основач на овој клуб.
– Кога го формиравме клубот пред десетина години, бидејќи немавме сала трениравме во Велес. Патувавме стотици километри само за еден тренинг. Во една неформална средба со градоначалникот на општина Кисела Вода и со Претседателот на Советот, им го посочив проблемот и веднаш наидов на подадена рака. Резултатите ги гледаме денес. Општината стои зад нас онолку колку што може, за што сме многу благодарни-изјави Горан Јањевиќ, тренер и основач на Јанта Волеј.
На приемот, присуствуваше и секретарот на Одбојкарската Федерација на Македонија, Зоран Карановиќ, кој својата благодарност кон раководството на општината ја изрази преку давање благодарници, посочувајќи дека општината му помага не само на клубот „Јанта Волеј“, туку ги поддржува и сите проекти на Одбојкарската Федерација на Македонија.
Инаку, одбојкарскиот клуб „Јанта Волеј“ беше првопласиран на табелата по одигрувањето на редовните кола, а потоа триумфираше и во плеј-оф завршницата на првенството.
Годинава, сениорскиот тим го освои и второто место во купот на Македонија. Како плод на нивната успешна година, се и учествата на нивните помлади категории во сите финалиња.На приемот, беше истакната големата поддршка што општина Кисела Вода му ја овозможи на одбојкарскиот клуб „Јанта Волеј“, но беше потенц