Игор Стефановски – Иџе е спортистот кој ја одбележа 2014 година. Остварувајќи го најголемиот успех во историјата на македонскиот автомобилизам со освојувањето на шампионатот на ридски патеки во категорија 1, Иџе својата најуспешна сезона во кариерата ја документираше во „Патот до Европскиот врв“, кој ќе ја има својата премиера на 04.02, со почеток во 19:00 часот. Сезоната во која триумфираше на 8 од 12-те трки во шампионатот, неколку месеци подоцна – филмот е ретроспектива на извонредната година исполнета со многу подеми и падови, кои на крајот на Иџе, но и на Македонија и донесоа голема радост.„На мое огромно задоволство, годината во која го постигнав најголемиот успех – европски шампион на ридски патеки, доби своја екранизација во која се појавуваат луѓе кои се заслужни за успехот и развојот на мојата кариера. Сезоната беше исполнета со многу победи, но и тешки моменти кои благодарение на моето семејство, соработници и спонзори успеав да ги надминам и да го постигнам најголемиот успех што еден Македонец го остварил во автомобилизмот. Сите подеми и падови се документирани во филмот, кој ќе остане како убаво сеќавање за овој голем успех”, вели Иџе , притоа упатувајќи покана до сите оние кои сакаат да ја погледнат бесплатната премиера на филмот во Cineplexx.
По освојувањето на титулата Игор Стефановски беше прогласен за најдобар спортист на Македонија за 2014. Прогласен за „откритие на сезоната”, Иџе верува дека и следната година ќе биде успешна како изминатата, во која ќе продолжи да се натпреварува во категорија 1. Ридско – брзинските трки се во организација на ФИА и се врвно спортско натпреварување, а Иџе е првиот Македонец, кој ќе ги отвори вратите и за други возачи од државата.
Премиерата на филмот за шампионската сезона на Иџе ќе ја има својата промоција во Среда(04.02), со почеток во 19:00 часот во Cineplexx.„На мое огромно задоволство, годината во која го постигнав најголемиот успех – европски шампион на ридски патеки, доби своја екранизаци