Скопје, 29 април 2025 – Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. објави дека некои уреди од серијата Galaxy A за кратко време ќе поддржуваат активација на AI помошникот преку страничното копче. Оваа функција, која досега беше популарна кај корисниците на Galaxy S серијата, сега ќе биде достапна за повеќе корисници, зајакнувајќи ја целта на Samsung за поголема достапност на најсовремените AI можности. Со ова ново ажурирање, корисниците ќе добијат попаметни AI функции, како што е активирањето на Gemini, AI помошникот на Google, преку само едно притискање на страничното копче.
Samsung ја претстави напредната Интелигенција на најновите Galaxy A модели како Galaxy A56 5G, Galaxy A36 5G и Galaxy A26 5G. Овие уреди даваат пристап до извонредните AI искуства, и овозможуваат на многу повеќе корисници да ги завршуваат своите задачи поедноставно. Претстојното ажурирање ќе им помогне на корисниците ширум светот полесно да се користат со своите уреди. Серијата Galaxy A, позната по балансот меѓу перформансите и вредноста, сега нуди уште попаметни мобилни искуства благодарение на ова ажурирање.
Со лесен пристап до Gemini, корисниците можат брзо да ги прегледаат своите задачи, да откријат блиски места за јадење или да добијат совети за подароци користејќи гласовни команди. Тие исто така можат да извршуваат задачи низ различни апликации, како пронаоѓање на ресторан преку Google Maps и испраќање на адресата до пријател преку сервисот за пораки, овозможувајќи интегрирано функционирање меѓу Samsung, Google и трети апликации.
„Нашата соработка со Google има за цел да овозможи интуитивни и значајни AI искуства, правејќи ја напредната технологија подостапна,“ изјави Џеј Ким, извршен потпретседател во Samsung Electronics. „Возбудени сме што овозможуваме на корисниците на серијата Galaxy A брз пристап до помошникот Gemini, кој ќе го олесни секојдневното користење.“
Со поедноставна активација на Gemini, помошта е винаги достапна – без разлика дали станува збор за планирање вечерен излез во последен момент. Со само една гласовна команда, како на пример да пронајде француски ресторан со тераса кој прифаќа миленици, корисниците можат брзо да добијат предлози, овозможувајќи им да споделат информации со пријателите без напор. Софтверот ќе биде глобално ажуриран на одредени модели од серијата Galaxy A почнувајќи од мај. За повеќе информации посетете ги официјалните веб-страници на Samsung.
The post Samsung го олеснува пристапот до AI помошникот на Galaxy A серијата преку страничното копче appeared first on 365.mk.