Samsung Galaxy S21 FE 5G од сега достапен и во Македонија!

Samsung Galaxy S21 FE 5G, најновиот паметен телефон од серијата
уреди S21 сега е достапен во Македонија. Galaxy S21 FE 5G е смартфон кој значително ќе го
подобри корисничкото искуство, а со најсовремена камера со професионални поставки и
уште подобро поврзување со екосистемот, станува вистинско уживање во светот на
технологијата. Уредот е дизајниран да одговара на секој корисник, го краси уникатен дизајн
и носи одлични перформанси за надминување на обврските во динамичното секојдневие
како и за уживање во омилените апликации и содржини. Препорачана малопродажна цена
на уредот Galaxy S21 FE 5G во Македонија е 44.999 денари, а е достапен во маслинова,
лаванда, графитна и бела боја.
Карактеристичен дизајн и персонализација
Новиот Samsung Galaxy S21 FE 5G носи елегантен и тенок дизајн од 7,9 мм во маслиновa,
лаванда, графитna и бела боја со мат финиш што го прави да изгледа уште помоќен, а она што
особено ќе им се допадне на корисниците е рамката Contour-Cut која беспрекорно ја поврзува
камерата за уникатен визуелен впечаток на уредот. Galaxy S21 FE 5G со себе носи иновативен
оперативен систем One UI 4 со многу функции кои ќе го воодушеват секој корисник –
персонализиран кориснички интерфејс, дизајн на вашиот сопствен почетен екран, икони,
позадини и widget-и според индивидуалните преференции и стилови и нова контролна табла
за подобра приватност и безбедност на уредот.
Врвна графика со долготрајна батерија
Поради моќните перформанси и растечката технологија на паметните телефони, уредот мора
да содржи и долготрајна батерија. Galaxy S21 FE 5G поради неговата издржлива батерија и
опцијата за супер брзо полнење од 25 W им овозможува на корисниците целодневна употреба
и уживање во нивните омилени апликации и содржини. Она со што може да се пофали новиот
Galaxy S21 FE 5G е беспрекорниот Dynamic AMOLED 2X дисплеј кој обезбедува највисока
резолуција и висококвалитетен графички приказ, додека неговата брзина на освежување на
екранот од 120 Hz ќе обезбеди неверојатно непречено корисничко искуство. Страсните гејмери
​​ќе имаат подеднакво задоволство од овој нов уред, како и просечните корисници кои го
користат својот паметен телефон за секојдневни мултитаскинг и социјални мрежи.
Беспрекорни поставки за камерата
Бидејќи паметниот телефон Galaxy S21 FE 5G ги носи токму оние карактеристики што
корисниците најмногу ги посакуваа, една од нив е камерата со врвна класа. Камерата на овој
уред содржи голем број професионални поставки кои ќе им овозможат на корисниците да
уживаат во уште поживописни фотографии и да создаваат спомени. Подобрениот Night Mode
обезбедува уште подобри ноќни фотографии, а со Galaxy S21 FE 5G ви е загарантирано
најдоброто селфи поради предната камера од 32 MP, додека опцијата AI ​​Face Restoration ќе се
погрижи да изгледате најдобро на секоја фотографија. Дополнително, можете без напор да ги
уредувате, објавувате и споделувате вашите фотографии, без разлика дали сте аматер
фотограф или вистински професионалец.

Galaxy S21 FE ќе биде достапен во маслинаста, бела, лаванда и графитна боја со 128GB
меморија по препорачана малопродажна цена од 44.999 денари. Повеќе информации може да
најдете на линкот https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-5g/galaxy-s21-fe-5g/

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.