За престојниот саем CES, Самсунг ги најавува претставените телевизори со кои ќе можете да разговарате и кои ќе имаат екрани осетливи на допир.Самсунг на престојниот саем за потрушувачка електроника CES 2014, во Лас Вегас ќе го претставува уредот Smart TV за 2014 година, со напредни функции за користење.
Услугите на Самсунг со гласовна интеракција, која распознава различни јазици, моментално е достапна во 11 земји. Во 2014 година таа услуга ќе биде проширена низ уште 12 нови пазари.
Ќе имате можност да го промените програмот многу едноставно, со гласовна команда, изговарајќи го бројот на програмата која ке посакате да ја гледате, ќе можете да отварате интернет страни или апликации, а поедноставена е и гласовна претрага која овозможува сите барани резултати да ги прегледате на едно место.
Кога употребувате гласовна интеракција за пребарување на дневни информации, како временска проигноза или спортски резултати додека гледате телевизија, pop- up прозорчето доле на екранот ги прикажува резултатите.
Освен гласовна интеракција, контролата на движење е унапредена со доавање на командата „движење на прсти“ со која ќе можете да си го промените ТВ- програмот, да си го регулирате волуменот, да пронајдете и одберете што да гледате, само со неколку движења на прстите.
Самсунг на престојниот саем за потрушувачка електроника CES 2014, во Лас Вегас ќе го претставува уредот Smart TV за 2014 година, со напредни функци