Во рамките на реализацијата на кампањата „ЕУ за тебе“, денес во посета на Општина Ресен беше амбасадорот на ЕУ во Република Македонија и поранешен шеф на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар.На средбата што тој ја оствари со градоначалникот д-р Ѓоко Стрезовски, главно се разговараше за досега реализираните проекти од ЕУ-програмата во Општина Ресен, како и за проектите за кои општината аплицираше и кои со средства од ЕУ треба да се реализираат во наредниот период. Во таа насока, амбасадорот Жбогар изрази големо задоволство од досегашната соработка со Општина Ресен, заради што на градоначалникот Стрезовски му врачи благодарница за високиот степен на искористување на средствата од програмата на ЕУ и реализираните проектни активности.
Делегацијата на ЕУ, предводена од амбасадорот Жбогар, придружувана од градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, денес го посети Средното општинско училиште „Цар Самоил“, каде во текот на минатата година беше реализиран проект од програмата на ЕУ, посветен на воспоставување енергетски ефикасни објекти, со замена на градежната столарија во училиштето со нови ПВЦ-профили. Од страна на директорот на училиштето, Наумче Тосковски, присутните беа запознати со ефектите од проектот во насока на направените заштеди од енергија.
Амбасадотот Жбогар и градоначалникот Стрезовски денес ја посетија и Агро-хемиската лабораторија сместена во просториите на градското кино и која е дел од активностите на здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“. Лабораторијата како проект е реализирана со средства од ЕУ и денес претставува вистински напредок на планот на испитувањето на почвата и нејзиниот квалитет, а што е од исклучително значење за преспанските овоштари.
Делегацијата ја посети и станицата во с.Покрвеник, една од седумте инсталирани Агро-метеоролошки станици на подрачјето на Преспа.На средбата што тој ја оствари со градоначалникот д-р Ѓоко Стрезовски, главно се разговараше за досега реализираните проекти од ЕУ-програмата во Оп