Уринирањето на јавни места стана голем проблем во Сан Франциско, со што градските власти одлучија да стават крај на тоа, но на сосема креативен начин.Имено, тие планираат да ги бојадисаат фасадите со посебен вид боја, која по нанесувањето на површините ќе делува на тој начин, што ќе ја одбива течноста од себе. Со други зборови, сите оние коишто ќе одлучат да извршат нужда покрај некој ѕид, ќе се најдат во прилично незгодна ситуација.
Во март годинава, властите во овој американски град спровеле јавна анкета во која барале од граѓаните да изберат локации на кои би можела да се тестира оваа метода. По собраните резултати, биле избрани 9 градски ѕидови кои се популарни меѓу јавните уринирачи и на нив била нанесена оваа специјална боја.
Директорот на Одделот за јавна работа во Сан Франциско, Мохамед Неру, изјави дека одлучил да ја примени оваа техника откако видел дека таа добро функционира во Хамбург.
„Со оглед на тоа колкава ефикасност покажа оваа боја во Хамбург, не гледам зошто кај нас би било поинаку. Уверен сум дека со овој потег драстично ќе го намалиме бројот на лица кои уринираат по јавните површини“ – рекол Неру.
Инаку, оваа боја содржи посебна супстанца која откако ќе се нанесе на некоја површина, создава тенка изолација која не пропушта ниту една течност. Таа подеднакво добро функционира и на ткаенина и на хартија. Трошоците за бојата и за нејзино нанесување на еден ѕид, изнесуваат околу 200 долари.
Погледнете го видеото:
Testing out a new pee repellent that “pees back” to prevent public urination. pic.twitter.com/6eDJ4w9MWH
— SF Public Works (@sfpublicworks) July 23, 2015
Имено, тие планираат да ги бојадисаат фасадите со посебен вид боја, која по нанесувањето на површините ќе делува на тој начин, што ќе ја одбива теч



