Сара Џесика Паркер: Евтините чевли ми ги упропастија стапалата

Актерката Сара Џесика Паркер се прослави со улогата на колумнистка и модна икона Кери Бредшо во серијата “Сексот и градот“, а една од најпрепознатливите карактеристики на тој лик е љубовта спрема скапоцените чевли. Но, во приватниот живот, за разлика од Кери, убавата Сара не носи чевли со високи потпетици, и тоа откако ги упропастила своите стапала.

„Повеќе од десет години не излегував од високите потпетици. Ги носев насекаде и никогаш немав проблем. Но, вистина е дека неколкупати купив поевтини чевли во кои неретко знаев да се лизнам и да ја свиткам ногата“, се пожалила Сара, на која докторите и рекле дека поради тоа стапалата и се деформирани и треба да избегнува да носи високи потпетици. И покрај се, Сара одлучила да ги носи на гламурозни забави или за потребите на снимањето на некој филм.
Актерката Сара Џесика Паркер се прослави со улогата на колумнистка и модна икона Кери Бредшо во серијата “Сексот

Пронајдете не на следниве мрежи: