Сара, Димитар, Иџе и Мартин подготвија органско смути, а децата и возрасните ги научија тајните на здравиот живот на „Денот на органското производство“

Познатите ги изненадија посетители на „Денот на органско производство“ со своите здрави навики.Сабота, ден создаден за дружење на семејството и уживање во слободното време кое и тоа како е драгоцено во нашето секојдневие.
Вчера, од 10 часот наутро Skopje City Mall беше претворен во една органска градина која ги изненади сите граѓани. Главниот слоган „Јас бирам здравје, а ти?“ на манифестацијата „Ден на органско производство“ совршено го опиша традиционалниот настан кој промовира органска храна и притоа помага да се откријат тајните на здравиот живот и долговечноста.

 
Насмеани и разиграни деца кои низ игра, едукација и театарска претстава ги дознаа основите за органската храна, среќни родители кои купуваа македонски органски производи, вредни познати лица расположени за дружење и штандови полни со најразновидни органски продукти беше сликата која ја разубави саботата во нашиот главен град.

 
Најмладите заедно со фармерот Марко и Органко се забавуваа во детското катче, правеа органски колачиња и ја развиваа креативноста боејки во т.н. органска боенка.

Постарите ги откриваа сите тајни за органските производи, дегустираа и со полни кеси си заминаа во своите домови, додека нашата популарна пејача Сара Мејс, познатиот радио водител Димитар Атанасовски, Европскиот шампион на ридски патеки за 2014 и 2015, Игор Стафановски – Иџе и најдобриот македонски каратист Мартин Несторовски подготвуваа здраво и органско смути и се дружеа со присутните.

На денот на органското производство на понуда стотици органски производи исклучиво од македонското поднебје.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство традиционално, во соработка со Федерацијата на производители на органски производи во Македонија го организира 9-тиот „Ден на Органско Производство“.
Сабота, ден создаден за дружење на семејството и уживање во слободното време кое и тоа како е драгоцено во нашето секојдневие.
Вчера, од 10

Пронајдете не на следниве мрежи: