четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шарапова му врачи отказ на својот тренер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ден по големиот пораз во Синсинати, русинката му врачи отказ на нејзиниот тренер, Џими Конорс.Нема играње со вистински професионалци, тие сакаат победи, сакаат работата да се врши професионално.
Така, Марија Шарапова, го отпушти својот тренер, Џими Конорс, ден по поразот во Синсинати од Стивенс.
Марија Шарапова инаку на тој меч од раната фаза на турнирот во Синсинати, го доби првиот сет со резултат 6-2, но, русинката на мечот направи неверојатен број на грешки, дури 62, па така тоа беше можност да американката направи целосен играчки и резултатски пресврт на мечот што и донесе огромна победа од овој меч.
Инаку, американскиот тренер во текот на мечот имаше мошне нервозни реакции, а теренот го напушти веднаш по поразот. Станува збор за тренер кој претходно имаше соработка со мошне популарниот Енди Родик.Нема играње со вистински професионалци, тие сакаат победи, сакаат работата да се врши професионално.

Поврзани вести