Шарена револуција USA

КРАЈОТ НА ЛИБЕРАЛНИОТ ВЛАЖЕН СОНЈа гледам Рада Шеќеринска, скоцкана во 6 сабајлечки, отишла во 7 кај американскиот амбасадор на понадица. Сите демократски и „режимски“ фаци собрани кај „Волшебникот“ грицкаат апетисани и ордеверчиња, пијуцкаат муфте пијачки во исчекување на единственото можно, бањато, урбано и прогресивно сценарио за светот – победа на Хилари. Кој отиде за лапачката – задоволен, останатите веќе во 8 со кисели насмевки. Победи Трамп. Ја прашуваат Рада што тоа значело за генералните политики на САД во светот а конкретно кај нас, вели ништо. Стање редовно, фурамо по плану. Лажната насмевка ја знаеме сите, ја гледаме 25 факинг години. Знае Рада, знае и Зоран а богами и Заев дека не ќе да е баш така. Фацата на „Волшебникот“ пак беше многу повеќе telling од онаа на нашиве статисти, нешто као „што сум го стопирал у вторник ај бре бељата“ . Тој добро знаеше дека ништо повеќе нема да биде исто без разлика на развојот на настаните до јануари до инагурацијата на новиот претседател.
И неговиот шеф добро знаеше дека ништо повеќе не е исто и уште следниот ден по историската победа на Трамп, реши „незадоволството на народот“ да го прелее на улица. И почна она што ние Македонците го гледаме веќе две години. Соросовата зомби армија тргна против Америка. Не против Трамп и тоа што тој го претставува, но токму против новата, разбудена, свесна Америка, предолго затворена во подрумот на игноранцијата, во фразите на либералите „сите се исти, пробавме Црнец дајте сега да бидеме уште помодерни и да ставиме жена“ – да будемо кул, шизици и урбани. Секој сака да е паметен, или ако не тоа барем да биде во друштво на паметни и толерантни луѓе. Луѓето, ГРАЏАНИТЕ што беа за Хилари. Но, неочекуваниот пораз, дебаклот на машините за гласање, разоткривањето на автобусите со гласачи кои ја шпартаат Америка во проектот „Глас за виза“ – беше брутално разоткриено со Октомвриското чудо, кое само се налепи на мејловите на Хилари, кампањата на Викиликс и видеата со педофилско/сатанистичка содржина на перјаниците на „урбана Америка“. Империјата која беше во левитирање долго време помогната од стероидите наречени лаги, децепција и смир кампања кон неистомислениците – се сруши како кула од карти.  Се појави грдото лице на либерализмот. „Толерантните хипици “ кои се полни со љубов за се , секого и сешто се додека се согласуваш со нивните ставови и постапки, решија да го изнесат своето незадоволство на улица. Соросовата зомби армија го почна својот план за пуч, месеци од кога еден сличен им пропадна во Турција. И почнаа конфронтации со полиција, палење американски знамиња ( WTF? Палестина? ) слики на Трамп, пишување на дебилни графити по институциите кои тие ги лоцирале како виновници за поразот (FBI), валкано етикетирање на победникот со спремни флоскули од типот , расист, хомофоб, ксенофоб и слични либерални срања на кои се повикуваат кога одреден настан ќе им ги помеша жичките во програмираниот мозок и едноставно немаат рационален одговор. Скриптата на СРЏА почна да се игра во јебената АМЕРИКА а исто како и кај нас имаше режисер на чело (Милчин) чисто поради координираност и драмски ефект. Таа работа во Америка се нафати да ја работи Мајкл Мур, милијардер и обожавател на месијата на работничката класа Берни Сандерс (WTF?) кој пушташе дожд од фекалии кон Хилари за време на демократските прејмерис а сега стана нејзин апологет? И почна „караванот на слободата“ во Америка со патетики од типот #SheWon дури и од како Хилари самата го призна поразот. Се проблематизираше оној електоријал воут, т.е. гласовите што ги носи секоја држава посебно со спин дека хилари освоила повеќе гласови како квантитет, како бројка. Тој спин беше разбиен по 3-4 дена од кога излегоа податоците дека Трамп всушност победил во секоја категорија што беше зачинето и со вкупната победа на Републиканците на созузно ниво во сенатот. Кога му се пушти вода на #SheWon ( Зоки Заев 2014-та, да не биле фантомите хахахахах ) излегоа со нов хаштаг, #NotMyPresident  ( познато? Лицето Б.Т. ? ) што во принцип можат да си го врзат на мачките за опаш ако ги имаат а сигурно ги имаат зошто по скриптата треба да се и љубители на животни.
 Драги мои, во погорниов дел од текстов ако на секое место каде што е употребен терминот Америка, го вметнете терминот Македонија, ќе ја добиете сликата за делувањето на македонската опозиција, „невладините“ што сакаат во влада, и „независните“ со партиски книшки. Две години ве лажеа и манипулираа УДБАШКИ рецидиви, УДБАШКИ синчиња и внучиња. Ве гнасеа вас кои се одваживте да го употребите мозокот наместо спакуваните програмирани одговори и поганеа по Македонија. Сакаа да им поверувате дека кршење на имот е борба за слобода, дека шарање на градби е апстрактна уметност која вие не можете да ја разберете, дека државата е пред колапс ( само што није, банкрот од 2012-та, види календар)
дека ако се посомневате во нивните зборови вие сте „соработник на режимот“ глупав, небањат ( која квалификација чоече ) , сендвичар , овца…… На страна што овие колоритни квалификации доаѓаат од „интелектуалната елита“,  тие се дел од скриптата, алатка, орудие за мек преврат. Така е напишано, „слободоумните интелектуалци“ само ја следат скриптата.
Народе мој, ЗА ТЕБЕ СЕ РАБОТИ, и одлуката е лесна. Само застани, изолирај се од пропагандата и прашај се – ШТО Е ПОДОБРО ЗА МЕНЕ И МОЕТО СЕМЕЈСТВО? Дали навистина да им верувам на оние кои ме нарекуваат со погрдни имиња дека сакаат подобра иднина за мене и моето семејство? Дали да верувам на „интелектуалци“ со желатински р’бети кои за 2000$ од USAID се спремни да ме жртвуваат за сопствениот комформизам? Нив не им е важно како ќе се вика нашата татковина, УДБАШКИТЕ внучиња шетаат со Титовки и врзуваат пионерски марами, го слават 29-ти ноември а серат по 23-ти декември. Тие зомби ретардчиња се кршат по социјалните мрежи да честитаат Бајрам, за Велигден кај нив се буди атеистичкиот нагон за навредување. Тоа се тие профили. Избрани рачно според нивниот капацитет да бидат индоктринирани и среброљупство. Тоа се ликови без ни еден ден работен стаж во животот, професори кои плукаат по сопствениот народ кој им овозможува по 1000 евра месечна плата, романтични југоносталгичари кои за кои Македонија никогаш не била дом, самопрогласени жители на планетата чие дело не се ни слушнало ни видело подалеку од Табановце. Тоа се луѓе без дела зад себе, луѓе кои не можеш да ги критикуваш зошто не направиле ништо освен што биле нечии полтрони. Луѓе кои УДБА ја сменија за CIA за да не си го нарушат комодитетот на привилегираниот живот. Тоа се тие луѓе, лицемери кои ветуваат 500 евра плата додека во сопствените фирми плаќаат 150. Луѓе кои никогаш ништо не изградиле, никогаш ништо не создале. Луѓе кои ве исмеваат зошто имате 3 деца за да на прес конференција бранат право на мајка Ромка со 7 деца на социјална помош. Тоа се тие луѓе, тие се меѓу нас и се расфрлаат со пароли и флоскули. Врескаат за криминал платени со крвави пари на луѓе трговци со органи, тропаат на маса за неправда а ве малтретираат секојдневно по социјалните мрежи со својата кампања. Тоа се неспособни луѓе кои сакаат леб без мотика, кои сакаат да живеат од вашата пот а се дрски да го вперат прстот кон вас и да ве нарекуваат со погрдни имиња. Тоа се неспособни имбецили кои ја бараат вашата поддршка за да можат да ве исмејуваат од повисоко. Нивното време брутално се ближи кон крајот. Велат се ќе останело исто, политиките на Америка ќе бидат непроменети – но гласот им трепери. Тоа децибелче кажува се, јасно им е, нивното време се ближи кон крајот.
На 11-ти декември да излеземе масовно, јасно и промислено. Секој нека си размисли за себе, нека си превага и одлучи. И нека заокружи.
Убеден сум, ЌЕ ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичарЈа гледам Рада Шеќеринска, скоцк

Пронајдете не на следниве мрежи: