ШАРЕНО ЛУДИЛО: Опозиционерите посакуваат турско сценарио во Македонија!

Крвавите пресметки помеѓу војската, полицијата и граѓаните во Турција резултираа со илјадници повредени и над 100 мртви лица.И денес траат тензиите во земјата, а поддржувачите на турскиот претстедател Реџеп Таип Ердоган излегуваат на улиците и ги камшикуваат војниците кои по насилен пат се обидоа да го симнат Ердоган од власта.
Борбата за демократија извалкана со крв, обично со крв ќе ги задушува сите неистомисленички постапки.
Ердоган на првите директни претседателски избори во земјата, во 2014 година беше избран за претседател на Турција уште во првиот круг од гласањето. Според резултатите врз основа на преброени гласачки ливчиња, Ердоган освоил 52 проценти од гласовите, оставајќи ги зад себе кандидатот на опозицијата Екмеледин Ихсаноглу и кандидатот на курдското малцинство Селахатин Демирташ. 
Овие резултати покажаа дека Ердоган ужива во довербата кај повеќе од половина од населението.
Слична е ситуацијата и кај нас, со оглед на тоа што опозиционерите со разни манипулации се обидуваат да ја намалат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
За разлика од Турција, кај нас беше спречено крваво сценарио и масовни судири помеѓу безбедносните сили и народот со аболицијата на Ѓорге Иванов. Иако овој потег беше масовно исмеван од платеничката болумента и дистрибутерите на бои во земјата, државата избегна вештачки креирано сценарио за дестабилизација.
Но, омразата и поддршката на насилството продолжува кај опозиционерите и денеска масовно на социјалните мрежи споделуваат статуси со поддршка на војската која на недемократски и насилен начин се обиде да сруши од власт демократски избран претстедател.
Ова е втор дел од нивните статуси, а првиот дел можете да го погледнете на следниот ЛИНК

И денес траат тензиите во земјата, а поддржувачите на турскиот претстедател Реџеп Таип Ердоган излегуваат на улиците и ги камшикуваат војниците кои

Пронајдете не на следниве мрежи: