Многу жестка реакција на мојата колумна за Џамбазов од страна на Бетмен Велит кој на својот фб профил со над 20 000 следбеници напиша:Многу жестка реакција на мојата колумна за Џамбазов од страна на Бетмен Велит кој на својот фб профил со над 20 000 следбеници напиша:
Да го прозиваш „општеството да изреагира за оваа реклама за алкохол и промашен живот“ а притоа да посакаш истиот да е гол поред контењер и да умре од цироза е јасен показател дека си елементарно глуп злобен гневен шупак. Гневи се на туѓиот талент до задутре, никогаш нема да е твој. Оцрнувај ги другите, никогаш нема да си друг. Посакувај ја туѓата дарба и прилика, никогаш нема да си ти. Бидејќи ТИ си злобен. Фрустрации има секој, ама само мудриот умее да проникне во нивната срж и да поработи на себе за утре да биде подобар од денес. Ти одиш по погрешниот пат: да ги натераш сите луѓе на светот да се корегираат и да тргнат по единствениот правилен пат, оној по кој одиш ти. Каква егоцентрична мизерна оправданост за нечие постоење…
Никогаш повеќе во живот нема да отворам мактел.мк, никогаш повеќе во живот нема да те сфатам ни полу-сериозно, никогаш повеќе во живот нема да потрошам пола секунда за да ти помислам дали можеби имаш некоја суштински оправдана поента искажана на лош начин. Нема.
Бидејќи си мал, гневен ништожник кој не е достоен ниту да биде нечиј непријател.
Бетмен, улогата на креаторите на јавното мислење е да мислат на доброто на заедницата и притоа храбро да пишуваат за нештата на своја штета. Јас бев свесен дека дежурните теткици ќе хистеришет по колумнава. Но да ве прашам за што се борите вие? Идоло поклонувајќи се на нашата Парис Хилтон која се вика Игор Џамбазов, вие велите несвесно да, давате пропусница, го проглсувате за ИН она што тој го промовира со години во јавноста и со тоа имплицитно го рекламира како прифатен и одобрен начин на живот: алкохол, мноогу алкохол, сломови, бегства, коцка, екстремен разврат, хедонизам, бегање од одговорност и кариера и професионализам, бегање од семејство, обврски околу тоа, стварање потомство итн итн, промовирање на тезата дека од се има одвика, за се има втора шанса итн итн. Како е тоа добро за заедницата, така ли ќе оставиме тинејџерите да се обликуваат со вакви селебрити ликови?
Бетмен пак ќе кажам, ти немаш храброст да бидеш вистински колумнист и да се држиш до принципите и да мислиш на доброто на заеднцата. Ти си колумнист за да бидеш славен како Игор и Трендо за да ебеш пичиња да те викаат на забави и закуски и да бидеш дружен и поздравуван. Се плашиш ти од соочување со табуата и величините, си одиш на сигурно си газиш по патот бегаш од минското поле плашејчи се дека ќе бидеш разнесен. Вадењето од контекст на колумната е едно, но читањето на целата колумна е друго.Тоа што Игор имаше среќа уште да е жив е голема несреќа, таа негова среќа ја немаа стотици други кои починаа од Цироза одејќи по патот на Игор кој толку добро го рекламира алокохолизмот веќе со години и години и никој не собра храброст да го стави на столбот на срамот и да го зашљака по газот. Тоа е затоа што ние сме сеуште малограѓанско општество со уплашени лицемерни себични пичкици… Вие како офф.нет многупати сте носеле суд за луѓеи одлуки но надвор од државава, внатре се плашите од авторитетите од величините од моќниците. Си одите сигурно по мејнстримот но го разбирам тоа тоа е ваша одлука, едно општество мора да има и храбри колумнисти кои ќе го кажат она кое е исправно но никој нема ташак да го каже…
Но сепак треба да разбереш дека се работи за нашите деца. Кои ќе им бидат нив идоли? Игор ли? Кили ли? Боки ли? Што мислиш ти колку тинјџери завршиле по подрумите на напуштените згради во Скопје, колку животи и семејства се уништени со начинот на живот кој е промовиран од ликови како Џамбазов? Тие ли ќе им бидат водилка на нашите деца? Игор го гледаат на тв, го слушаат на радио, го читаат на нет, во весници, на плакати, на концерти Игор е ин и кул но зошто, како, со што ја заслужи таа титула и статус? Или подобро кажано како го користи он тој статус, што он симболизира во ова општество? И како против тоа да се борат родителите како да им објаснат на своите деца дека треба да пијат јогурт и сокче од морковче, да спијат редовно, да учат, да бидат дисциплинирани и одговорни, да мислат на семејството, да не бидат хедонисти, авантуристи, џаболебари, да не се дрогираат, да не бидат промискуитетни? Да пијат по едно до две пива или по една – две пијачки неделно, да бидат умерени, скромни, како бре Бетмене родителите да ја добијат војната со ликовите како Игор кои 30 години се херои на новото време?
И каде е тука општеството да им помогне на родителите во извојувањто на битката со тезата дека животот треба да биде како што Игор и Кили и останатите го замислиле? Па нели живототот треба да биде полн со внимавање на себеси и на другите, да се грижиш за себе, за блиските, да бидеш вреден, упорен, дисциплиниран, да почитуваш постари и надредени, до одредена мера секако… Па Игор во своите книги отворено се фалеше како заминал на нова година по намирници за дома и се вратил по две недели мртов пијан оставајќи ги неговите сами да ја пречекаат нова година и стравувајќи две недели во недоумица каде е?! Се фалеше дека бил по студентски домови да бара сиромашни студентки за секс за пари? Со години телевизиите го ставаа во ударни термини а тој беше симбол за разврат, распуштеност, пороци до коска? Па самиот сега кажа дека концертот му го спонзорира едно казино?! Па тој е симбол за коцката и казината имаат интерес он да има што повеќе фанови и публицитет со што се рекламира идејата за одење во казино и возбудата и фамата околу тоа! Но колку луѓе изгубиле се излажани од општеството дека коцкањето е ин и забавно? Да тоа е нивна одговорност но како ние како општество сме им помогнале односно одмногнале за нивната пропаст?!
Кажи ми Бемтен, кој родител сака да го види своето дете во село Слепче на 50 години со брада искубан распуштен сам без никаква материјална сигурност без жена без деца без пари со зависност од алкохол и што ли уште не, кој тоа го сака? И плус со сите тие таленти кои Игор ги поседува, што ли се случува со оние кои немаат таленти и врски и име а тргнале по патот на коцката и алкохолот, каде завршиле тие под кој мост? Или не се меѓу живите воопшто?! Па како би реагирал Петре Прличко да го види својот внук вака?!
Сите оние кои ми замерија дека ја сум сакал да бидам диктатор и да кажувам како да го живеат животот другите забораваат две работи: јас кога ги повикав државниците и политичарите и свештениците да реагираат не повикав да се институцинално забрнаи или присили некој на начин на живот кој он не го сака, само повикав да се критикува таа мантра и тоа забегување, да се искористи јавниот простор за да се влијае на општеството овие појави да бидат исмеани и искритукувани а не славени со аплаузи и концерти.
На крај сакам да објаснам нешто за кое добив многу критики. Јас не сум злобен човек. Можеби употребив лош начин да објанам што мислам. Посакувањето некој да умре е пречекорувањето на границата и за тоа жалам и се извинувам. Можеби требаше да кажам дека не му посакувам ништо лошо но доколку Игор сепак заврши трагично тоа ќе биде поука за сите за опасностите од такво начин на живот. Јас навистина не посакувам никому ништо лошо. Секој ќе жне што си посеал и одгледувал цел живот. Дури посакувам Игор да се свести за злото кое го промовира и да конечно се среди или пак во спротивно да исчезне од јавниот живот ако реши и понатаму да тера ваков живот како досега. Младите заслужуваат други херои. Спортисти, интелектуалци, бизнисмени, новинари, музичари како Тоше, инженери, доблесни политичари па и актери и режисери и уметници кои ќе бидат убава инспирација за секој млад човек како со многу работа може да се постигне речиси се и да се дочека старост среќен насмеан и горд со себе!Многу жестка реакција на мојата колумна за Џамбазов од страна на Бетмен Велит кој на својот фб профил со над 20 000 сл