Би се согласил со амбасадорот Чарлс Гарет, кој во еден свој јавен настап јасно порача дека политичкиот и општествениот живот во една држава се незамисливи без сатира. И покрај тоа што неуспешниот проект наречен “Контра вести” на Телма, доживеја незапаметен дебакл, а новиот дебаклоиден проект наречен “Фчерашни вести” (повторно на Телма) е на најдобар пат да биде продолжение на некреативната катастрофа во низа. Сепак сметам дека амбасадорот Герет е во право и дека е вистинско време да се позанимаваме со сатирата како неопходно потребен општествен моментум.Во оваа насока, воопшто не сакам да ги споменам зајадливите коментари за тоа дека Сеизмолошката опсерваторија во Скопје педантно ги регистрирала сите отскокнувања на Лидија Димова врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, при што е забележана помала вознемиреност на населението во четири градови во земјава.
Круцијалната разлика што за жал, проминентната појава на Лидја Димова не ја забележа, се состои во тоа што (дури и во знак на протест), врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ може и да се скока, додека истото е невозможно да се направи со програмата на СДСМ – бидејќи таа едноставно не постои.
Сатирата како жанр секако има свои силни и постојани корени во земјава, особено онаа што произлегува директно од народот и е наменета исклучиво за народот кој искрено и слатко успева да се развесели, жигосувајќи ги неадекватните појави во општеството. Сигурно се сеќавате на онаа остроумна досетка, дека струмичани за Бадник, во традиционалното лепче со паричка- ставале по две парички – Една за адетот, а другата за Вицето, со што на најдобар начин се отсликува нескротливиот дух на народниот гениј чија свежина и креативност никогаш нема да згасне. Без разлика на нејзината изворна дефиниција, сатирата воопшто нема потреба да биде пројавена исклучиво во пишан облик, а како предлошка за посериозна опсервација, во својата најжестока форма- сарказам се препознава во низа актуелно политички збиднувања.
Нема поголем пример на сарказам од оној кога шареноликото членство на СДСМ, на улицата пред зградата на Владата на РМ со акрилни бои и болдирани букви испишува мисла изречена од Никола Младенов. Оној ист Никола Младенов од кого СДСМ и неговиот лидер – наплатија парична сума во висина од 30.000 (со зборови триесет илјади евра) како надомест за клевета.
Нема попластична манифестација на сарказам од срцепарателните говори на Радмила Шекеринска пред (малубројните) граѓани во кои таа од петни жили се труди да ја претпостави лошата економска состојба на граѓаните под “диктатура” истовремено заборавајќи на скапата јахта од едно беломорско пристаниште и деловниот простор кој си го издавала себе си, за што си наплаќала позамашна свота на имена кирија. Да не говориме за „Бонбона бизнисот„ од ЕВН.
За воља на вистината, дури и најсаркастичните репрезенти на она што некогаш беше СДСМ, олицетворени во ликовите на Данаилов Фрчкоскии Ордановски, веќе ја согледаа некадарноста и јаловоста на шарените револуционери па прибегнаа кон автосарказмот, во кој единствено можат да се пронајдат сопствените заблуди за власт без избори и без поддршка на народот. Нивните последни колумни се најдобар доказ за тоа.
Ако од ова гласно размислување за сатирата како техника на комично преувеличување на општествените појави, ги изземеме јавните ликови како што се Ирена, Чом, или Фросе кои сами по себе ја оцртуваат гротескноста на своите настапи, на граѓаните не им останува ништо друго освен да се насмевнат и да чекаат избори.
Сосема на крај, сакам да ве потсетам на онаа легендарна сентенца со која некогаш завршуваа цртаните филмови – Гласовите ги позајмија: Димче Мешковски, Мите Грозданов, Таска Балабанова и Божо Софрониевски. Оттука – Повеќе од сигурно е дека шарениот филм за кој гласовите ги позајмија Зоран Заев, Петре Шилегов, Радмила Шеќеринска и Владимир Милчин без поддршка од народот, незапирливо се ближи кон својот крај, кој ќе резултира со нов пораз на наредните избори, кога и да се одржат.
Александар ДаштевскиВо оваа насока, воопшто не сакам да ги споменам зајадливите коментари за тоа дека Сеизмолошката опсерваторија во Скопје педантно ги регистрирала си