Сава со највисок водостој во историјата, а се очекува да порасне и уште повеќе

Нивото на водата во реката Сава веќе е 652 сантиметри и од минута во минута се зголемува.Началникот на генералштабот на Српската војска, Љубиша Диковиќ, вели дека водостојот на Сава расте по три сантиметри на секои 60 минути. Тој додаде дека војската и граѓаните веќе прават се да ги заштитат градовите долж Сава.
Во Шабац, кај фабриката Зорка Еликсир надојдената вода успеала да го пробие насипот направен таму. Критично е и во Шеварице, каде Сава исто така успеала да пробие насип.

 
Министерот за одбрана Братислав Гашиќ ги прогласи за херои воените кадети кои веќе 40 часа непрекинато работат на насипите и ги поправаат сите пропусти каде Сава би можела да се пробие.
Се очекува Сава да го достигне критичното ниво некаде околу 19 часот денес, па затоа војската, сите вработени во комуналното претпријатие, како и многу граѓани на Белград и околните места се вклучија во градењето насипи како заштита од надојдените води на Сава.Началникот на генералштабот на Српската војска, Љубиша Диковиќ, вели дека водостојот на Сава расте по три сантиметри на секои 60 ми

Пронајдете не на следниве мрежи: