СДС денес гласаше против продолжување на породилното отсуство

СДС денес на Комисијата за труд и социјална политка гласаше „против“ измените на Законот за работни односи односно против продолжување на породилното отсуство на мајките, се вели во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесе измени на Законот за работни односи со кои требаше да се продолжи породилното отсуство на мајките.
Имено, Комисијата за труд и социјална политика донесе заклучок дека нема став за измените и дополнувањата за овој закон бидејќи спротивно од пратениците на СДС, сите членови на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ гласаа и ги поддржаа измените за продолжување на породилното отсуство.
Со шест гласа „против“ од СДС и шест гласа „за“од ВМРО-ДПМНЕ, комисијата не можеше да донесе став во врска со овие измени бидејќи немаше можност да се обезбеди мнозинство кои ќе ги поддржат измените на овој закон.
И покрај тоа што, СДС гласно говореа дека ќе ја поддржат оваа иницијатива, денес истите тие пратеници и членови на комисијата од СДС ја одбија.
Ова е најеклатантен пример за тоа како СДС планира да владее односно како и во минантото, така и сега се расфрла со секакви ветувања пред избори и во опозицијата, но кога ќе дојдат на власт ништо од она што го ветиле, не го исполнуваат и реализраат.
Како пратеници очекувавме дека потписите на 217 мајки од граѓанската иницијатива која што ние, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја преточивме во закон, ќе ги натераат пратениците на СДС да започнат да ги прифаќаат барањата и потребите на граѓаните, а во случајов на мајките.
Апелираме, СДС да престане да ги потценува граѓаните и конечно да започнат со испорака на сите ветувања кои ги дале на граѓаните.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесе измени на Законот за работни односи со кои требаше да се продол

Пронајдете не на следниве мрежи: