СДС гради црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикрие безидејноста

СДС наместо да се фати за работа, се занимава со креирање лажни вести и преку нивните медиуми и ја манипулира јавноста и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДС деновиве откако ја презедоа власта, во недостиг на идеи што да направи, решија да лиферуваат лажни вести за ВМРО-ДПМНЕ и наводното луксузирање.
Најпрвo започнаа со тоа дека ентериерот и реконструкцијата на владата била премногу луксузна. Оваа реконструкција е извршена пред повеќе од 2 години. Во овие 2 години двајцата технички министри и 3-ца технички заменици министри на СДС кои беа со право на вето, но и новинарите на СДС/Сорос безброј пати беа во истите простории. Освен дека се репрезентативно реновирани, не видовме и не чувме ниту еден друг коментар.
Зградата на владата на Република Македонија е реновирана прв пат откако е изградена. Целиот нејзин ентериер е репрезентативен како за објект од таков ранк и нема ништо луксузно.
За да ја покрие својата безидејност и неработење уште во првите денови од власта, СДС пушти делумно лажни и делумно вистинити фотографии од објектот на владата и ентериерното уредување. Манипулативни и лажни беа сликите кои се појавија во дел од медиумите дека во објектот имало позлатени чешми, тоалети. Објавуваа и слики од елитни хотели низ светот преставени како дел од ентериерот во владата.
Целото реновирање на објектот на владата беше спроведено по објавен јавен повик, јавен тендер и електронска аукција, при што е одобрена најниската понуда. СДС/Сорос преку фејк њус или лажни вести се обидува да ја излаже јавноста.
СДС/Сорос преку своите фејк њуз медиуми креираат вести дека нашле некакви си фактури од роденденски прослави на ВМРО-ДПМНЕ, службени ручеци и вечери. СДС/Сорос лажат дека овие фактури се од судски извори. Ова е само една пропаганда на СДС против ВМРО-ДПМНЕ. Ова е одработување на СЈО за СДС. СЈО е изгубено во просторот со шамари кои не се случиле и вечери кои не се изеле.
Ги прашуваме од СДС колку чинат нивните ручеци и вечери и кој ги плаќа? Имајќи во обзир дека СДС се неработници и секој ден се по кафани, прашање е дали парите се обезбедени од членството, од рекет на бизнисмени или од некои надворешни извори?
Најголемата глупост која ја слушнавме во првите 5 дена од власта на СДС е дека со рушењето на оградата на владата, тие ќе биле поотчетни и отворени кон граѓаните. Оградата на владата е ставена заради безбедносно-терористичка заштита. Прашање е зошто штабот на СДС е забарикадиран со еден куп рампи и огради, додека седиштето на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една ограда или рампа, дали тоа значи ВМРО-ДПМНЕ е потранспарентна од СДС.
СДС изминатиов период секој дневно креираше лажни вести за штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Фејк њуз медиумите не доволно се информирале дека седиштето на СДС е поголемо за 200 метри квадратни од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Кога ги креираат лажните вести за партиските седишта, медиумите на СДС/Сорос забораваат дека поголемиот дел од штабовите се наследство од комунистичката партија или ги прибави бесплатно од државата или општините.
СДС гради црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикрие безидејноста и да ја дефокусира јавноста од ветувања кои ги даваа пред изборите.СДС деновиве откако ја презедоа власта, во недостиг на идеи што да направи, решија да лиферуваат лажни вести за ВМРО-ДПМНЕ и наводното луксузирање.

Пронајдете не на следниве мрежи: