СДС не се откажува од воведувањето на зголемени даноци

СДС и понатака не се откажува од воведувањето на зголемени даноци. Зголемувањето на даноците според планот на Тевдовски и СДС од 10% на 18% ќе значи крах на економскиот и финансискиот систем во Република Македонија, истакна Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално.СДС не смее да се однесува неодговорно кон граѓаните и сопствената држава, и во ниту еден случај не смее да им задира во џебовите на граѓаните, бидејќи со таквото однесување веќе еднаш ја втурнаа државата во колапс.
Очигледно е дека СДС не ја научи лекцијата на зголемување на даноци, имајќи ги во предвид неколкуте неуспешни обиди од пред 2006-та година за зголемување на данокот од 15%, 18% и 24% кои ја втурнаа државата во пропаст.
Со ваквите непромислени политики на зголемување на СДС повторно ќе се активира сивата економија, даночната евазија и ќе стане секојдневие и навика. Ваквите непромислени политики ќе значат пропаст за домашните компании и ќе ги бркаат странските инвестиции. Ќе се намали интересот за инвестирање во државата и ќе паднеме  на дното на листата на Дуинг Бизнис.
Невработеноста повторно ќе завладее во државата, постои сериозна опасност од инфлација, а граѓаните се повеќе и повеќе ќе осиромашуваат.
Дополнително во текот на вчерашниот ден Министерството за финансии на чело со Тевдовски ги задолжи граѓаните за дополнителни 15 милиони евра.
Но, на побараната сума од страна на Тевдовски и СДС од 1,140,500,000 денари, реализирани биле само 900,000,000 денари или 15 милиони евра по каматна стапка од 3.8%. Ова е всушност  показател дека  немаат доволно доверба во економската политика на новата Влада, се однесува на банките.
Граѓаните од СДС не очекуваат зголемувања на даноци, задолжувања на државата и осиромашување на граѓаните, туку очекуваат што поскора реализација на проектите кои ги ветија пред изборите.
И тоа минимална плата од 16 000 денари просечна плата од 30 000 денари, отворање на новиработни места 64 000, да изградат нови 500 км автопат, да изградат нови електроенергетски објекти, 100 000 денари плата за докторите. Граѓаните тоа го очекуваат тоа од СДС. Ќе повторам не очекуваат зголемување на даноците и нови задолжувања, како што тргна СДС во првите месец дена од владеењето.
 
СДС не смее да се однесува неодговорно кон граѓаните и сопствената држава, и во ниту еден случај не смее да им задира во џебовите на граѓаните, бид

Пронајдете не на следниве мрежи: