Реакција на реакцијата на СДСМ и техничкиот министер Оливер СпасовскиВистината за деструктивното однесување на СДСМ ќе излезе на виделина.
СДСМ треба да одговори дали при вработувањето на Тони Ангеловски беше распишан конкурс?
Дали имаше макар еден ден искуство во МВР пред да биде партиски назначен за началник?
Дали согласно закон, положи приправнички испит пред да биде потпишан договорот?
Дали само за партиските послушници на СДСМ не важи законот дека треба да имаат приправнички статус пред да добијат решенија за вработување?
Оливер Спасовски и криминалецот Зоран Заев ги третираат кандидатите за полициски службеници како граѓани од втор ред. Ги злоупотребуваат за поткусурување и за остварување на нивните политички намери. Не им ги потпишуваат решенијата дури ни за да го отпочнат приправничкиот стаж.
Од друга страна Оливер Спасовски и криминалецот Зоран Заев незаконски го унапредија и незаконски го плаќаат со државни пари сопругот на Фросина Ременски кој заради неговата жена, скокна 7 нивоа во хиерархијата на МВР. За началник на СВР Куманово поставија партиски некомпетентен кадар унапредувајќи го 9 позиции од обичен полицаец.
Оливер Спасовски и криминалецот Зоран Заев 6 месеци го разградуваат безбедносниот систем и на дело ја покажуваат нивната деструктивна политика кога тие се власт во некоја институција.
Затоа СДСМ бега од избори. Знае дека народот ќе ги казни.
Вистината за деструктивното однесување на СДСМ ќе излезе на виделина.
СДСМ треба да одговори дали при вработувањето на