четврток, 12 ноември 2026
Најново

СДСМ денес поднесе иницијатива до Собранието за продолжување на конститутивната седница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДСМ денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија за продолжување на конститутивната седница, со потписите од 67 пратеници.– Денеска поднесовме конкретна иницијатива до Собранието на Република Македонија и за повеќе од никого да нема изговори и дилеми околу обезбеденото парламентарно мнозинство доставивме 67 пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот тоа не го бара за да продолжи конститутивната седница, изјави Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на партијата на прес-конференцијата во Собранието по поднесувањето на иницијативата.
Тој додаде дека прв чекор кон тоа е да биде избран претседател на Собранието.
Запрашан дали се договориле околу составот на Комисијата за избори и именувања, Спасовски рече дека очекуваат пред седницата да се свика координација на пратеничките групи во Собранието на која ќе се договорат за сите прашања.
Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Парламентот.– Денеска поднесовме конкретна иницијатива до Собранието на Република Македонија и за повеќе од никого да нема изговори и дилеми околу обезбе

Поврзани вести