Секогаш кога СДСМ чувствува дека нема бегање од избори и дека ќе мора да се соочи со мислењето на граѓаните за нивната деструктивна политика, прибегнуваат кон истата стратегија која подразбира нови нелогични условувања и нови измислени барања кои покажуваат целосно непочитување и непознавање на Уставот и на судската власт во земјава. Тоа е главната цел и на апсурдното барање на СДСМ за воведување на специјализиран суд.
СДСМ денеска покажа дека штрајкот на мал дел од судската администрација е само во функција на нивниот страв од изборно соочување и продолжение на деструктивното однесување.
Во изминатиот период платата на раководните судски службеници е зголемена над 15%, на стручните судски службеници над 20%, а на административно техничките над 30%.
СДСМ е партијата која се закануваше дека ќе палела судови и судиите ќе ги влечекла за уши и ќе ги бркала на клоци. СДСМ е партијата која ја води аболициран криминалец што изјавуваше дека за него не постојат македонските судови. СДСМ е партијата која не кажа ниту збор во врска со расипничкото трошење на Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева која на себе и своите соработници дели плати помеѓу 2 000 и 3 000 евра. Затоа лицемерно е кога СДСМ покажува лажна грижа судската администрација додека нивни блиски добиваат огромни плати во СЈО.
СДСМ знае дека немам бегање од одговорноста и дека порано или подоцна правдата ќе го стигне единствениот политичар кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра. Колку и да ги напаѓа судовите, доаѓа денот кога Зоран Заев ќе мора да ги врати парите украдени од народот.
СДСМ денеска покажа дека штрајкот на мал дел од судската администрација е само во функција на нивниот страв од изборно соочување и продол