СДСМ денеска повторно ќе брза да го смени Зврлевски за да го спаси од кривичен прогон за Поткуп

Зоран Заев и парламентарното мнозинство во Собранието брзаат да го сменат Јавниот обвинител, Марко Зврлевски поради случајот „Поткуп“.Доказ за брзањето на Заев и парламентарното мнозинство Зврлевски да биде сменет е тоа што првата изјава која тој ја даде откако беше избран за премиер, Заев побара од Зврлевски да си даде оставка или во спротивно ќе биде разрешен.
-Една од работите заради која не ни чини правосудството е Јавниот Обвинител. Јас се надевам дека можеме почетокот на реформите да го почнеме и го повикувам да си поднесе оставка. Утре ја очекувам неговата оставка, секако како чин кој што знае дека на предлог на влада, Парламентот го разрешува државниот Јавен обвинител и на предлог на влада, Парламентот го избира. Од тој аспект го повикувам да ги убрза процесите и да си поднесе оставка Марко Зврлевски, беше првата изјава на Заев пред партиското седиште ноќта кога беше избран за премиер.
Во Јавно Обвинителство се води постапка против Заев за случајот „Поткуп“. Заев е осомничен од ЈОО за „Поткуп“, за што има видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и суд. Таму јасно се гледаат две работи како Заев бара поткуп од струмички бизнисмен, и како кажува дека многу други фирми од општината каде е градоначалник веќе му дале поткуп, чудејќи се како соговорникот бизнисмен не ги знае правилата.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и дека претседателот на Собранието, Талат Џафери го крши изборниот законик.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието изјави дека изборниот законик го регулира периодот од моментот на распишување на избори, до момент на завршување на изборите. Тој додаде дека членот 8 од изборниот законик не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.
– Вие сте дожни да го почитувате законот и сте дожни да го почитувате вашиот повик од вчера дека треба да се почитуваат уставот и закон и постапката која што ја тераме да ја ставите во мирување и да ја продолжите на 16-ти Октомври ден после завршување на локалните избори, потенцираше Димовски, истакна Димовски.
 Доказ за брзањето на Заев и парламентарното мнозинство Зврлевски да биде сменет е тоа што првата изјава која тој ја даде откако беше избран за прем

Пронајдете не на следниве мрежи: