СДСМ доследно се држи до деструкциите и лагите и ја извртува мерката на Владата за куќите за млади

Во недостиг на проекти и програма, СДСМ по сè изгледа доследно се држи до деструкциите и лагите.Со организирани активности на социјалните мрежи и порталите блиски до СДСМ, опозициската партија очајно се обидува да ја изврти мерката за младите која вчера ја објави премиерот Никола Груевски „Купи куќа за млади“.
Со очајни обиди СДСМ се обидува да манипулира дека месечните примања на поединецот кој сака да аплицира за овој проект треба да бидат над 900 евра. Како што вчера беше соопштено, според условите месечните примања на поединецот НЕ треба да надминуваат 900 евра.

СДСМ уште еднаш докажа дека манипулациите и деструкциите се потврда за немањето на програма и понуда на проекти за граѓаните. Наспроти ваквите очајни обиди на опозицијата, по социјалните мрежи веќе се шират коментари дека ако Владата продолжи со вака СДСМ може да стане и вонпарламентарна партија.
Дополнително по објавување на овој проект на Владата, Фејсбук беше преплавен со позитивни коментари во насока дека токму овој проект ќе им овозможи решавање на животното прашање и формирање на свој дом и семејство.Со организирани активности на социјалните мрежи и порталите блиски до СДСМ, опозициската партија очајно се обидува да ја изврти мерката за младите

Пронајдете не на следниве мрежи: