СДСМ е непријател на медиумите и не сака регулирање на владиното рекламирање по урнек на европските модели

Реакција на прес конференција на Томислав Тунтев.СДСМ е непријател на медиумите и не сака регулирање на владиното рекламирање по урнек на европските модели.
Секој медиум што не е под контрола на СДСМ/Сорос и кој отворено говори за деструкцијата и незаконското работење на аболицираниот криминалец Зоран Заев е предмет на закани и навреди од СДСМ и како политички непријател треба да биде затворен.
За СДСМ единствено се прифатливи медиумите кои се дел од „Фабриката“ финансирана од политичкото раководство на СДСМ/Сорос.
Ваквото делување на СДСМ е против  човековите права и слобода на говор и информирање и затоа ќе биде казнето од граѓаните во првиот момент кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори.
Носењето на Законот за владино рекламирање е дел од реформските обврски на Република Македонија. СДСМ е против секоја реформа. Деструктивната политика на СДСМ може да егзистира само во време на криза.
Изборите во декември ќе бидат излез од кризата, а по деструкцијата, Македонија повторно ќе се врати на патот на просперитетот и реформите.
 
.
 СДСМ е непријател на медиумите и не сака регулирање на владиното рекламирање по урнек на европските модели.

Пронајдете не на следниве мрежи: