СДСМ го награди тепачот од Куманово со директорско место

Претседателот на општинската организација на СДСМ-Куманово, Мартин Костовски кој во алкохолизирана состојба нападна двајца трактористи кои беа дел од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска Владата на СДСМ го именуваше за директор на Службен Весник.Тој за тоа инфромираше преку својот фејсбук профил.
– Денеска на седница на Влада на РМ сум именуван за директор на Службен весник, огромна одговорност и обврска кои ќе бидат императив во понатамошното работење, почитувани пријатели ви благодарам на искрените честитки, напиша Костовски.

СВР Куманово за инцидентот во кој беше инволвиран членот на СДСМ и нов директор на Службен весник соопшти дека при заминување на трактористите кои учествуваа на маршот на „За заедничка Македонија“ биле пресретнати од Костовски кој му се нафрлил на едниот трактор и упатувал навредливи зборови кон лицето кое го управувало.
Потоа, Костовски се упатил и кон вториот трактор, управуван од 23-годишниот Н.М. од Пчиња и, како што се вели во соопштението, без никаков повод и причина го навредувал, го повлекол од тракторот и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по телото, нанесувајќи му телесни повреди – контузија на ‘рбетот.
Костовски бил приведен и по извршено алкотестирање биле утврдени 1,47 промил алкохол во крвта.
По целосно документирање и расчистување на настанот, велат од полицијата, до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено дело насилство.Тој за тоа инфромираше преку својот фејсбук профил.
– Денеска на седница на Влада на РМ сум именуван за директор на Службен весник, о

Пронајдете не на следниве мрежи: