СДСМ и неговата младина се против подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија.
Бидејќи не знаат да конкурираат со идеи и проекти, тие секојпат по правило водат деструктивна политика полна со манипулации и лаги.
И младината на СДСМ по примерот на своите ментори е против новите и реновираните студентски домови, против бесплатниот јавен превоз за студентите, против новите објекти за факултетите, против намалувањето на партиципацијата, против субвенционирање на работни места за младите преку кое се вработени речиси 11.000 млади со помош на проектот Македонија Вработува.
Од денес СДСМ и СДММ се против тоа младите да поседуваат сопствен дом во кој квалитетот на живот ќе им биде неизмерно поголем отколку пред тоа.
Зошто СДСМ и СДММ не сакаат поквалитетен живот за младите е мистерија.
Заслепеноста од омразата кон се што презема ВМРО-ДПМНЕ не е разумен аргумент.
Како што голем број симпатизери на СДСМ можеа да ги искористат бенефициите од проектот „Купи куќа, купи стан“, како што голем број членови на СДСМ добија можност да студираат со ниски партиципации, така и голем број членови на СДСМ и СДММ ќе имаат можност да го искористат и мегапроектот „Купи куќа за млади“.
Граѓаните му ја даваат довербата на ВМРО-ДПМНЕ девет изборни циклуси по ред затоа што оваа влада спроведува конкретни проекти. СДСМ губи девет пати по ред на избори бидејќи е против подобрувањата на животот на граѓаните.
СДСМ сака граѓаните да живеат како што живееа во времето на СДСМ бидејќи во спротивно СДСМ ќе мора да се соочи со вистината: наспроти нивната неработливост и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ ветува и реализира.
Затоа рејтингот на СДСМ е мизерни 14,7% наспроти 33,3% поддршка за ВМРО- ДПМНЕ.
СДСМ ќе мора да се соочи со народот на 24 април, за само 128 дена. Десеттиот пораз по ред е неизбежен.
Бидејќи не знаат да конкурираат со идеи и проекти, тие секојпат по правило водат деструктивна политика полна со манипулации и л