Токму во време на владеењето на СДСМ младите беа оставени без никаква перспектива, нивните родители беа оставени на работ на егзистенцијата бидејќи 200 000 од нив останаа без работа благодарение на криминалната приватизација која ја спроведе неговата партија.Токму во време на владеењето на СДСМ младите беа оставени без никаква перспектива, нивните родители беа оставени на работ на егзистенцијата бидејќи 200 000 од нив останаа без работа благодарение на криминалната приватизација која ја спроведе неговата партија.
Младиот Богоев, доколку не се сеќава нека ги праша Радмила Шекеринска и Зоран Заев кој проект го спроведе СДСМ за младите во време на нивното владеење. Одговорот е голема нула. Ниту еден клинец не заковаа во студентските домови, ниту еден нов факултат не отворија, а партиципацијата за студирање беше скроена така да можат без никаков проблчем да студираат само богатите деца на партиската олигархија на СДСМ.
Ако барем еднаш прашал Стефан Богоев за младинската политика која ја водеше неговата партија, тогаш ќе знаеше дека СДСМ не спроведе ниту еден проект за зголемување на шансите за вработување на младите во време кога тие беа на власт. Јавноста многу убаво знае дека од ветеното вработување по еден човек од секое семејство кое СДСМ го даваше на фамозниот 15 септември не само што не се вработи ниту еден млад човек, туку успеаа да ја кренат невработеноста на рекордни 39%.
Таму кај што застана СДСМ во 2002 година, сега продолжуваат Зоран Заев и Стефан Богоев, да се расфрлаат со паушални и лажни бројки и ветувања. Граѓаните гледаат како ВМРО-ДПМНЕ работи за младите, а како СДСМ постојано тресе празна слама и им фрла прав во очите. Изминативе неколку години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ проведе низа проекти и мерки во корист за младите и тоа: намалена партиципација за упис на факултет од 800 евра на 400 евра, бесплатно средно образование, безплатен превоз и сместување во ученичките домови за средношколците, превод на 1000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на најреномираните универзитети во Сад и Англија, реновиран студентскиот дом Стив Наумив во Скопје и дел од студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, отворени се два нови универзитети, мерки и субвениционирање при вработување на млади лица до 29 години и ред други проекти од кои бенефит има секој млад човек во Република Македонија. И покрај големиот број на проекти изминативе години кои се однесуваа за младите изминативе 2 и пол месеци ВМРО-ДПМНЕ промовираше нови 34 мерки за средношколците, студентите, младите уметници, спортистите. Дел од овие проекти веќе се имплементираа и младите луѓе ги користат, како на пример средношколската среда, бесплатен превоз во јавните сообраќајни претпријатија за студентите секој ден во неделата, купи куќа за млади, но и прокети кои се во фаза на подготовка за нивна реализација.
Јавноста добро ги прочита овие политички манипулации на СДСМ. За нив народот веќе го подготвува десетиот јубилеен пораз и ќе им го врачи на референдумски начин, така што младиот Богоев уште долги години горчливо ќе се потсетува.Токму во време на владеењето на СДСМ младите беа оставени без никаква перспектива, нивните родители беа оставени на работ на егзистенцијата би