СДСМ манипулира, „Карфур“ пропаѓа во цел регион!

„Карфур“ во СитиМол е затворен пред два дена, имал огромни долгови кон снабдувачите, банките и вработените.Вработените останаа дома, трговскиот центар не е известен за прекинувањето со работа, а 50-тина македонски компании имаат побарувања од маркетот кои се мерат во милионски суми. Со месеци чекаат пари од фирмата ЦМБ Балканс Скопје, која е носител на франшизата Карфур во Македонија.
Комерцијална банка веќе ја активирала хипотеката на кредитот што компанијата го зела од оваа банка.
Компаниите на кои „Карфур“ им е должник веќе побарале помош од Стопанската комора на Македонија, која пратила допис со известување до повеќе владини претставници.
Од Владата рекоа  дека дописот од Стопанските комори кои побараа владата да се вклучи во случајот е разгледан со полно внимание и сите државни институции кои се надлежни за овој и сите други случаи ќе постапат согласно законот.
Фотографиите направени во бугарскиот „Карфур“ се доказ дека  хипермаркетот бележи неуспех во цел регион.
Но, на опозициските медиуми и на СДСМ воопшто не им беше најважен реалниот проблем, туку и за оваа состојба  сакаа да се изборат за мал политички поен.
Гласноговорниците на опозицијата не ги проверија ниту најосновните информации за ова работење, па ја обвинија власта за затворањето.
Како во ниту една друга земја, македонската опозициска СДСМ од ова направи скандал.
Она што тие очигледно не го знаат е дека „Карфур“ не пропаѓа само во Македонија.

Празни полици, преполовен број на невработени е сликата и од „Карфур“ во Бугарија, а според информациите и албанскиот „Карфур“ е пред затворање.
Француската бизнис фирма одамна одлучи да го напушти и грчкиот пазар.
Сопственик на хипермаркет Карфур во Скопје е грчката компанија „Маринопулос“ на грчкиот бизнисмен Леонидас Маринопулос, која пред неколку години ги купи маркетите „Карфур“ во Грција откако Французите решија да го повлечат својот бизнис од Грција.

Пропаднаа обидите на СДСМ и нивните опозициски полтрони да креираат нова лага и да го изманипулираат народот.
„Карфур“ пропаѓа поради долгови и тоа не само во Македонија, туку во цел регион.Вработените останаа дома, трговскиот центар не е известен за прекинувањето со работа, а 50-тина македонски компании имаат побарувања од маркетот ко

Пронајдете не на следниве мрежи: