СДСМ на граѓаните им порача дека нема да можат да дојдат до своите права доколку немаат членска книшка од таа партија

СДСМ на граѓаните им порача дека нема да можат да дојдат до своите права доколку немаат членска книшка од таа партија, кажа Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.-СДСМ им порача на граѓаните дека може да се лекуваат, да имаат социјална помош, да се вработат, да стигнат до основните свои права само доколку имаат партиска членска книшка од нивната партија. Тоа значи класична дискриминација на граѓани од прв ред членови на СДСМ кои може да ги уживаат сите привилегии, и сите останати кои нема да стигнат до своите права доколку немаат партиска членска книшка.
Тој надолполни дека самиот пратеник на СДСМ признал дека ќе се кинат казни за членови на СДСМ.
-Пратеникот на СДСМ призна и дека се кинеле казни за сообраќајни прекршоци на членови на СДСМ, а додека сите останати мора да платат доколку им биде изречена казна за сообраќаен прекршок, изјави Костовски.
Тој го повика Народниот правобранител да реагира и да ги осуди ваквите дискриминаторски изјави на СДСМ.
СДСМ со ова прави сегрегација и дискриминација на граѓани од прв и втор ред. Сите оние кои не се членови на СДСМ значи дека не може да стигнат до основните права во државата. Затоа го повикуваме Народниот правобранител да реагира и да ги осуди ваквите дискриминаторски изјави на СДСМ, како и да дејствува во насока на заштита на правата на граѓаните. Апелираме Народниот правобранител да реагира на политичката дискриминација и сегрегација која СДСМ ја прави на граѓаните тврдејќи дека нивната партиска книшка мора да биде втора лична карта и документ од кој ќе зависи какви права ќе имаат во оваа држава. Република Македонија согласно уставот е слободна и држава на еднакви граѓани и тоа мора да остане така.-СДСМ им порача на граѓаните дека може да се лекуваат, да имаат социјална помош, да се вработат, да стигнат до основните свои права само доколку им

Пронајдете не на следниве мрежи: