СДСМ не престанува со обидите да воспотави тотална контрола врз медиумите во Македонија.Законот кој СДСМ го предложи денес во Собранието не постои во ниту една европска земја. Законот на СДСМ е хибрид преку кој што СДСМ сака преку своите и соросовите здруженија да воведе цензура во медиумите во Македонија. Граѓаните добро паметат дека Заев ги прогласи за политички непријатели медиумите кои не известуваат по диктат од Бихаќка. Скандалозно и невидено. Јавноста добро се сеќава и на случаите кога новинари давале откази од уреднички позиции или заминувале од телевизии под контрола на опозицијата, бидејќи не биле „балансирани“ по теркот на СДСМ која постојано вршела притисок да ги следат директивите од партијата и да ги шират измислиците на фабриките за афери.
Граѓаните добро знаат и дека опозицијата ги наградува најдобро „балансираните“ новинари со места на листата за пратеници. СДСМ не сака ниту слободно информриање на граѓаните, ниту слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите.
Ваквите обиди на СДСМ нема да поминат. Мнозинството од граѓаните ја даваат својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ 10 години колку што го држат СДСМ во опозиција, затоа што СДСМ постојано го покажува своето тоталитарно лице. Граѓаните тоа го гледаат и кога СДСМ бара одземање на лиценци на медиумите кои не ги следат директивите на СДСМ, и кога бара одземање на легитимитетот на народот да одбере кому во мнозинство ќе му ја даде довербата на демократски избори. Невидено и срамно.
Злосторничката банда СДСМ не е демократска партија. Остатоците од тоталитарното минато и ден денес се присутни на Бихаќка. Затоа СДСМ ќе остане во опозиција и по 5-ти јуни.Законот кој СДСМ го предложи денес во Собранието не постои во ниту една европска земја. Законот на СДСМ е хибрид преку кој што СДСМ сака преку