СДСМ сака целосна контрола врз судсовите. СДСМ сонува за времето кога во само еден ден избра 617 судии.Уставниот судија Наташа Габер–Дамјановска е сестра на Виктор Габер, шефот на комисијата за надворешни работи во СДСМ.
Десната рака на Катица Јанева, обвинителот Гаврил Бубевски е кумашин на Филип Медарски, кој пак е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Сопругата на Медарски е судија во Основниот суд Скопје 2, а неговата мајка е Јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
За СДСМ независен е само судот кој одлучува по наредбите од Бихаќка, не го апси Зоран Заев и ги толерира неговите подигрувања со правосудството, појавувајќи се на рочишта кога сака. Затоа СДСМ продолжува со притисокот врз Уставниот суд на Република Македонија.
Тоа е истиот суд на кој СДСМ притискаше и во 2009 година да ги поништи измените во законот за помилување предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2009“ беше ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој го аболицираше криминалецот Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е партија која го менува својот став во зависно од дневно партиските потреби, создавајќи кризи и организирајќи протести на кои преку своите невладини експоненти на уставните судии ќе им покажува среден прст и ќе им се заканува со вадење за уши надвор од судот.
Вакви пораки пред Уставниот суд праќаат СДСМ-овските инсталации во невладиниот сектор финансиран од Сорос.
Тоа е односот на СДСМ кон највисоката државна институција. Тоа е односот на СДСМ кон сите институции. Само затоа што СДСМ не може да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност, го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
СДСМ треба да се соочи со фактот дека и после 10 години во опозиција има повеќе од дупло помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ затоа што освен деструкција, нема што добро да им понуди на граѓаните.
За СДСМ полесно е да се рушат државните институции, отоколку да се признае сопствената некадарност и безидејност за фер политичка битка, која ја прикриваат со деструкција и насилие врз секој што не размислува во деструктивната матрица на СДСМ.
Ваквото однесување на СДСМ наликува на опозиционите партии од соседството кои наместо работа во парламентот фрлаат димни бомби. Затоа казната за СДСМ од граѓаните на 5-ти јуни е неизбежна.Уставниот судија Наташа Габер–Дамјановска е сестра на Виктор Габер, шефот на комисијата за надворешни работи во СДСМ.
Десната ра