Непринципиелното и неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои ги поддржуваат вандалските протести на СДСМ и Сорос продолжува со несмален интензитет.Ниту Телма ниту 24 Вести не се заинтересираа да го прашаат Зоран Заев зошто не побарал укинување на аболицијата за случајот „Глобал“ со што останува единствениот политичар во Република Македонија кој е аболициран.
Но затоа на тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ во еден блок на централните вести на Телма и 24 Вести им беа доделени 823 секунди. Минатиот месец СДСМ доби речиси 50 часа во само еден програмски појас на овие телевизии за својата пропаганда од фабриките за афери, a oд почетокот на мај за истите цели на СДСМ му се отстапени 169.597 секунди во истиот програмски појас.
За СДСМ избалансирани и фер новинари се оние кои не пишуваат за скандалозната „платеничка револуција“ туку ги поддржуваат хулиганските насилни протести на СДСМ во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.
Порталите мегафони на СДСМ како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила кои ги шират лагите на СДСМ, вчера како и секој ден беа преполни со стотици текстови произведени во фабриките на Чауш и Заев.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола и во чија уредувачка политика постојано се меша.Ниту Телма ниту 24 Вести не се заинтересираа да го прашаат Зоран Заев зошто не побарал укинување на аболицијата за случајот „Глобал