Измислиците и политичките конструкции на СДСМ во рамките на црната кампања во здравството не се новина. СДСМ ниту на мртво плаче, ниту на живо се радува – туку обратно.
За СДСМ е неприфатливо да се намалува бројот на починати доенчиња, исто како што е неприфатливо да се зголемува капитацијата за матичните доктори и да се обезбеди поквалитетна грижа за здравјето на пациентите. Апсурдно и неверојатно.
Според официјалната статистика на ДЗС, смртноста кај новороденчињата е 8,5 промили во 2015 година, што е намалување за 1,4 промили во споредба со 2014 година, кога беше 9,9 промили. За споредба, смртноста кај доенчињата во 2004 година беше 13,2 промили, а во 1990 година дури 31,5 промили. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е овој број до 2020 година да се намали до максимум 6,5 промили. Тоа е единствената вистина која, апсурдно и скандалозно – но вистинито, не им се допаѓа на некрофилите од СДСМ.
СДСМ е исто така против зголемувањето на капитацијата за матичните доктори која во 2011 е зголемена од 45 на 50 денари, а сега за 10% повеќе – на 55 денари.Бенефитот од оваа мерка ќе го почувствуваат 1.569 тимови на матични лекари кои што работат во 1.086 ординации со кои Фондот има склучено договор. ФЗО издвојува значителни средства за дејноста општа медицина и за тоа во буџетот за 2015 беа предвидени и се исплатени 1 милијарда и 870 милиони денари. Зголемувањето од 5 денари по капитационен поен за Фондот има дополнителна фискална импликација од 188 милиони денари годишно, со што се доаѓа до сума од речиси 2 милијарди денари за оваа дејност на годишно ниво.
Халуцинациите и некрофилијата на СДСМ ќе продолжат, но резултатот ќе биде повторно ист. СДСМ 11 години не може да се доближи до власта бидејќи граѓаните не дозволуваат некрофили и лажговци како СДСМ да добијат шанса да ја водат државата. СДСМ ќе се соочи со казната од граѓаните во првиот момент кога ќе собере храброст да се појави на избори.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
За СДСМ е неприфатливо да се намалува бројот на починати доенчиња, исто како што е неприфатливо да се зголемува капитацијата за матичните