СДСМ продолжуваат со својата деструктивна политика базирана на манипулации.Никогаш СДСМ немале аргументи, а уште помалку капацитет на граѓаните да им понудат конкретни проекти со кои би ја обезбедиле нивната поддршка. Затоа Хари Локвенец и овојпат доби задача со лаги да ги покрива фактите и безидејноста во која тоне партијата на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Фактите се следни:
– Невработеноста во 2015 година е сведена на најниско историско ниво од 24,6 отсто
– Македонската економија минатата година оствари највисок раст во регионот и еден од најдобрите економски резултати во Европа
– Изминатата година се работеше на изградба на 400 километри патна мрежа, на изградба на три автопатишта, на реконструкција на две автопатски делници, на регионални и магистрални патишта
– Активно се градеше пругата кон Бугарија, а се работи и на изготвување на проект за пруга кон Албанија
– Се градеа нови и се реконструираа основни и средни училишта
– Се инвестираше во нова медецинска опрема во болници
Кога СДСМ полагаше завршни сметки книжеше проекти како ТАТ, затворени работни места и пропаднати инвестиции од типот на пругата кон Бугарија. Стотици илјади уништени семејства и безброј затворени фирми е единствениот резултат во завршната сметка на СДСМ.Никогаш СДСМ немале аргументи, а уште помалку капацитет на граѓаните да им понудат конкретни проекти со кои би ја обезбедиле нивната подд