СДСМ сака да бидат власт, а не ги познава законите и процедурите

Интегрален текст од прес конференцијата на Виолета Ковачевиќ – член на Советот на Општина Битола.Жално е што по речиси 4 години во Советот, советниците од СДСМ не знаат што е, а што не е во надлежност на Советот.
Уште потрагично е што не се сеќаваат што самите донеле и изгласале.
Да не беа заслепени од намерите да наштетат и омаловажат ќе знаеа дека:
– за огласот за вработување на 19 државни службеници, Советот на Општина Битола веќе даде согласност преку донесувањето на Буџетот, во чии рамки заеднички предвидовме средства за нови вработувања.
Да не беа заслепени од пакосната намера да го оспорат и извалкаат лебот кој со вработувањата ќе го обезбедат 19 битолски семејства, како што ја изввалкаа и зградата на Општината во СДСМ ќе знаеја дека:
– Планот за вработување веќе го одобри Министерството за информатичко општество и администрација согласно планот за 2016, а огласот на барање на општината го објави и сроведува Агенцијата за администрација.
Почитувани од СДСМ , не е првпат, поради вашето незнаење и неспособност без аргументи да ги лажете граѓаните.
Граѓаните добро знаат дека постапката за вработување на државни службеници во Општина Битола се одвива законски, транспарентно и со еднаква можност за сите кои ги исполнуваат условите за соодветното работно место, наведени во огласот.
Транспарентноста, чесноста и еднаквите можности и натаму остануваат главни принципи на ВМРО ДПМНЕ.Жално е што по речиси 4 години во Советот, советниците од СДСМ не знаат што е, а што не е во надлежност на Советот.
Ушт

Пронајдете не на следниве мрежи: