СДСМ, Самарас и Сорос имаат иста шема: Македонија и Македонците да ги нема!

Работата е многу едноставна. СДСМ и нивните партнери застануваат во одбрана на се’ и секого, освен на сопствениот народ на чие чело толку очајно сакаат да застанат.По апсењето на лицата за кои што постои основано сомнение дека си ја шпионирале државата и народот и ја загрозиле нивната безбедност, секоја нормална опозиција ќе излезеше и ќе ја поздравеше оваа акција. 
 
Но, не и СДСМ. 
 
Фактот што наместо да ја поздрават, СДСМ експресно ја осудија акцијата “Шпион”, идентично како и грчки владини извори, зборува и повеќе од доволно. Се прашувам дали барем еднаш СДСМ ќе излезе со став што ќе биде во интерес на Македонците, а не во интерес на оние што сакаат да ја избришат Македонија? Дали некогаш СДСМ ќе ја сменат страната, па ќе почнат да работат за доброто на народот и за интересите на државата? Кога се лустрираат кодоши што работеле против Македонија и Македонците, СДСМ секогаш застанува на страната на кодошите, исто како што застана во одбрана на шпионите. Кога јужниот сосед ќе рече сменете го името и идентитетот, СДСМ ќе го смени, подмолно, како што со дрска лага ни го наметнаа срамното ФИРОМ и ни го продадоа знамето. А, ако СДСМ не е на власт , тогаш ќе се бори со сите сили за да ги задоволи грчките пријатели, со изјавите од типот дека мора да виткаме кичма и дека за нив е прифатливо сложено име со географска одредница. Кога Грците го „плукаат“ проектот „Скопје 2014-та“ и спомениците на македонските херои, СДСМ и соросоидните сателити „плукаат” дупло и даваат изјави од кои што јужниот сосед после прави сензација. Не случајно во негативната репортажа за проектот „Скопје 2014-та“ што неодамна ја објави еден грчки провладин весник, доминираа исклучиво изјави на членови на СДСМ. И Црвенковски едно време доминираше во грчките медиуми, кога од јавни собири се потсмеваше на македонската кралска династија. Лидерот на СДСМ доминираше и во рамките на грчката одбрана пред судот во Хаг. Неговите штетни изјави во времето кога беше шеф на државата беа главните аргументи што Грција ги користеше против Македонија во судскиот процес. 
 
Ако Грција вели дека сме провокатори и неконструктивни, Шеќеринска потврдува дека ете наводно Груевски бил виновен за штетната политика кон Македонија. Патем, кога сме веќе кај Шеќеринска, многу интересен податок има во нејзината биографија објавена на Википедија, каде што стои дека својата кариера практично ја почнала како дел од соросовиот институт отворено општество. Кога Грците се бунеа што новата адреса на македонското МНР е „Филип Втори Македонски“, СДСМ од петни жили се бореше против преименувањето на улиците. Кога на Грците им треба изговор за нелегалното вето, во форма на тврдење дека во Македонија има демократски дефицит, прва на помош ќе им пристигне, кој ако не СДСМ, па ќе блокираат, кршат, тепаат и ќе прават инциденти во и вон Собранието, додека грчката влада задоволно ги трие рацете и изјавува дека има план за „успешно справување со прашањето со Скопје“.
 
Кога Златна Зора малтретира Македонци, СДСМ молчи, како што молчи и грчката влада. И Самарас би им позавидел на рамнодушноста со која што ги проследија инцидентите предизвикани од Златна Зора. Со истата рамнодушност нашата опозиција ги проследи и забраните за влез во Грција на македонски новинари и други личности. Срамота е тоа што грчка опозициска партија реагираше и ги осуди забраните за влез на Македонци во Грција, а СДСМ упорно си молчи. Но, не е само јужниот сосед слаба точка на нашата опозиција. Всушност, СДСМ ги бранат сите што директно или индиректно им нанесуваат штета на државата и народот. Па така, една од традициите што СДСМ подолго време ја негува е да ги бранат и штитат лицата осудени за тежок криминал. Лица кои што украле милиони евра народни пари. Кога се апсат затајувачи на данок од типот на Велија Рамковски, кој што граѓаните ги оштети за милиони евра, тие застануваат на страната на криминалецот. СДСМ застана во одбрана и на друг криминал, тежок 8 милиони евра, кога го аболицираа Заев, за да може да стави во џепчето уште некое милионче.
 
Значи, на СДСМ наводно им пречи вложувањето на пари во објектите и спомениците со кои што главниот град конечно заличи на град, ама не им пречи кога нивни членови и партнери ќе украдат милиони народни пари. 
 
И сега да резимираме што е заедничко за СДСМ, Сорос и Самарас освен буквата „С“? Тоа е нивната шема според која Македонија и Македонците треба да ги снема.
 Извор: netpress.com.mkПо апсењето на лицата за кои што постои основано сомнение дека си ја шпионирале државата и народот и ја загрозиле нивн

Пронајдете не на следниве мрежи: