СДСМ се плачковци и ништо друго

СДСМ се плачковци и ништо друго, ништо повеќе. Нез нам зошто плачат за интервјуто на Заев кај Латас, кога Заев имаше шанса да „тепа“ 100-0. Ама, толку разбира пустиот.Оние што „стојат позади него“ и му го „чуваат грбот“ како што вели Заев, можат да направат илијадници матни и црни работи, но кога ќе дојде камерата тогаш на виделина излегува неговиот политички (не)капацитет. Сакам да ги прашам плачковците, дали се сеќаваат на моето интервју „Во Центар“ со Васко Ефтов во 2013 година кога одлучив да се кандидирам за градоначалник?
Дали тоа беше избалансирано новинарство? Дали тоа не беше слично на вчерашното? Каде беше тогаш „фелата“ и ЗНМ?Го гледале ли моето интервју во 2013 година по изборите со Бројан Јовановски, тоа ли е избалансирано новинарство, или таа флоскула се користи само тогаш кога му одговара на СДСМ?
Што да кажеме за двете интервјуа на 24Вести, а последното впрочем беше пред 20-тина дена. Каде е сега новинарот кој го водеше интервјуто со мене?Ќе ви кажам. Денес тој новинар е началник за информации кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е и генерален секретар на СДСМ. Сега кој е „началниче“?
Ама, со мене имаат проблем. Јас не сум Заев, и со сите нив успешно излегувам на крај, и не плачам никаде.
Да не ги заборавам и амбасадорите кои веднаш потрчаа на Фејсбук и Твитер да дадат свој коментар, веројатно се пронајдоа во пораките кои преку “Вибер” Заев ги испраќал на сопругата на Чаушот – „Знаеш кој стои зад нас, ништо нема да биде од ова“. Веројатно тие, амбасадорите кои први истрчаа стојат позади нив, затоа и први се јавија.
Мојата порака до нив е: земете и посвојте си го ова политичко недоносенче, и кога ќе го доносите и одраснете политички, вратете го на Македонската политика.
И, на крајот од целото интервју, најголем впечаток ми остави пораката – „Не се секирај, се ќе негираме“. Тоа во буквален превод значи – „не се секирај ќе лажеме“. Епа продолжете да лажете.
Ја слушам и Шеќеринска како вчера на граѓаните на Радовиш им вели дека не можело да се живее со 8.000 денари плата. Точно е. Се сложувам. Не може да се живее со 8.000 денари плата. Ама, затоа Шекеринска треба да им каже, да му предочи на народот како се живее со 5.600 евра кирија. Само една кирија од стан во кој живее и тоа во Скопје, да не зборуваме за онаа „плус“ од Охрид, дополнителни 860 евра. Кога така ќе им објасни, можеби народот подобро ќе ја разбере.
Затоа, продолжете да плачете, ред плачење, ред лаги. И, како и да е, еден ден ќе мора да се оди на избори. За солзи и лаги гласови не се добиваат.
Пишува:
Стевчо Јакимовски
Претседател на Граѓанска опција на Македонија – ГРОМ
Градоначалник на општина КарпошОние што „стојат позади него“ и му го „чуваат грбот“ како што вели Заев, можат да направат илијадници матни и црни работи,

Пронајдете не на следниве мрежи: