СДСМ се води по девизата „Kолку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“

Реакција на соопштението на СДСМ во врска со Дуинг Бизнис извештајот на Светската Банка
 Секој успех за Македонија е пораз за СДСМ.
СДСМ се води по девизата „Kолку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ и егзистира само со деструкции, кризи и црни транзиции.
Овој успех на Македонија, во овој период, е веројатно прогласен за ден на жалост во кругот на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата банда.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека врвен успех во економијата на неговата партија СДСМ е 94-то место на Дуинг бизнис листата, рекордната невработеност од околу 39%, 684 затворени фабрики, 200 илјади работници оставени на улица.
После десет години Македонија е поинаква земја. Денес Македонија е на високото 10 –то место на Дуинг Бизнис листата на Светската банка меѓу 190 земји во светот, а 5-та по ранк во Европа. Отворени се нови 160 илјади работни места, невработеноста е на рекордно ниски 24%, донесени се десетици странски инвестиции низ цела Македонија.
За напорната работа на создавање што поповолни услови за инвестирање во Македонија, отварање нови работни места, повисок стандард и подобрување на условите за работа и живот, светски реномираните институции јавно упатуваат пофалби за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За напорната работа да се создаваат кризи и црни сценарија, земјата да се држи во агонија и за економските мерки како „Евро за Вицето“ и украдените милиони евра, на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ веќе 11-та година граѓаните им забрануваат да се доближат до извршната власт.
Овој тренд ќе продолжи и по 11-ти декември. Граѓаните ќе изберат проекти, дела и просперитет кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ, а ќе ги казнат кризите, деструкцијата, лагите и фабрикациите од Индустриските зони за Афери на СДСМ.
 Секој успех за Македонија е пораз за СДСМ.
СДСМ се

Пронајдете не на следниве мрежи: