СДСМ си поигрува со државата, граѓаните, институциите и националните интереси на Македонија

Требаше да помине доволно време за целокупната македонска јавност, вклучително и најсилните поддржувачи на опозицијата, да ја видат, но и да ја разберат антидржавната и антинационалната политика која повеќе години наназад ја спроведува раководството на СДСМ, а е на штета на Македонија и на нејзините граѓани, истакна Илија Димовски, Координатор на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Димовски.
Денес, на сите им е јасно. Денес, СДСМ се фатени живи и се во кал до гуша. Фатени се како фалсификуваат, фатени се како фабрикуваат, фатени се како подметнуваат, фатени се како лажат, фатени се како монтираат, фатени се како уценуваат, фатени како тргуваат со криминалци.
СДСМ си поигрува со државата, со граѓаните, со институциите и со националните интереси на Република Македонија.
Сите настани кои ги видовме во последните години имаа за цел на недемократски и антидржавен начин СДСМ да се врати на власт без поддршка од граѓаните.
Блокираа буџет. Блокираа пензии. Блокираа земјоделски субвенции. Блокираа социјална помош. Организираа обиди за насилно превземање на државните институции, на Собранието и на Владата. Тепаа полицајци. Го кинеа македонското знаме. Повикуваа на насилство и меѓуграѓански пресметки. Физички нападнаа Претседател на Собрание и повеќе пратеници. Соработуваат со криминалци. Си играат со чусвствата на граѓаните.
СДСМ денес е партија од калта. Партија која нема идеја, нема луѓе, нема кредибилитет, нема политика. СДСМ е денес партија на мафијата која се бори против законите, против поредокот, против институциите. СДСМ денес е партија која се бори да дојде на власт по секоја цена.
СДСМ денес не е партија на нивното членство, кои се чесни и одговорни луѓе. СДСМ денес, за жал, е партија киднапирана од мафијата.
Почитувани, лажни беа повиците за демократија и лажни беа повиците за слобода. Во нив нема никаква суштина туку има гола злоупотреба на чувствата на граѓаните. СДСМ покажа дека е против демократијата, против медиумите, против банките. СДСМ се скара со синдикатите, со коморите, со верските заедници. СДСМ се скара со Народната банка, со ММФ и со Светската банка. СДСМ се скара со земјоделците, со странските инвеститори, со пензионерите. СДСМ се скара со партиите на другите помали етнички заедници во Македонија. СДСМ е партија која не сака ниту демократија, ниту ред, ниту поредок. СДСМ се скара со сите.
СДСМ секој ден го навредува македонскиот народ.
Почитувани, ова што го говорам денес го знаат сите граѓани на Македонија, без разлика дали се членови на некоја партија или не, дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци или Власи. Без разлика дали се верници или атеисти. Граѓаните знаат дека денес СДСМ го водат деструктивни и криминогени лица за кои секој нареден ден дознаваме се повеќе и повеќе.
Денес на сите им е јасно зошто Македонија живее во долга политичка криза. СДСМ е партијата која продуцира и создава несигурност и конфликти кај граѓаните.
На таа политика ќе и дојде крај. Трпението е доблест зошто ние знаеме дека СДСМ сама рипа во бездната.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Димовски.
Денес, на сите им е јасно. Денес, СДС

Пронајдете не на следниве мрежи: