СДСМ има нова стратегија!Очигледно е дека ваквиот чекор Ангелов го направил по претходен договор со лидерот на СДСМ Зоран Заев, и двајцата во ваквото разделување ги пресметале своите партиски интереси. Аналитичарите велат дека амбициите на Ангелов се јасни и дека тој атакува на претседателското место на државата на престојните претседателски избори и откако е извесно дека не добил поддршка на неговата кандидатура од страна на СДСМ, Стојанче решил навремено да излезе од коалицијата и да започне со подготовки за негов самостоен настап.
Ангелов ја напуштил коалицијата поради своите амбиции да се кандидира на претстојните претседателски избори и да влезе во трката за нов шеф на државата. Тој тоа и го потврди за одделни портали велејќи дека сериозно размислува за ваков чекор.
– Сериозно размислувам да влезам во претседателската трка, но конечна одлука за мојата кандидатура се уште не е донесена. Правиме анкети и за десетина дена ќе донесеме конечна одлука – изјави Ангелов.
Од друга страна СДСМ и Зоран Заев имаат своја пресметка. По совет од повеќе партиски експерти, меѓу кој и аналитичарите од агенцијата Рејтинг на Горги Спасов чии анализи покажуваат дека десните партии кои се во коалицијата на СДСМ не го дадоа посакуваниот ефект на окрупнување, туку напротив нанесоа поголема штета бил испорачан совет ако партиите од десницата одат сами на избори и се одлепат од СДСМ, тогаш ќе одземат гласови кои инаку би завршиле на контото на кандидатот од владејачката партија.
И промоторот на политиката на СДСМ, кој е кумашин со Стојанче Ангелов, Саше Ивановски -Политико објаснува дека намерата на лидерот на Достоинство е да го подели десниот блок.
-Иако донекаде раскинувањето на соработката со Достоинство на Стојанче Ангелов може да се разбере со тоа што идеолошки и концепциски се разликуваат па сега Стојанче ќе прибира гласови во десниот политички спектар каде што СДСМ не може да пенетрира, пишува Ивановски.
Сега во партиите од десницата кои се со СДСМ се доминанти ликови како Љубчо Георгиевски или следбениците на Љубе Бошковски за кого важи впечатокот дека се истррошени политичари чии политички товар наместо да помогне нанесува штета на СДСМ, и нивното делување би било делотворно само доколку тие настапуваат самостојно и креираат проблеми кај гласачкото тело кај ВМРО-ДПМНЕ кое пак остана после сите изборни циклуси сихронизирано и единствено.
Самиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, во синоќешното интервју за 24 Вести даде изјава дека најверојатно и Обединети за Македонија и ВМРО-НП ќе излезат од коалицијата.
-Можно е и ВМРО-НП и Обединети за Македонија да ја напуштат коалицијата, тоа заедно го договараме. Ќе го анализираме и ќе го соопштиме, рече Заев.
Љубчо најудобно се чуствува во коалицијата со СДСМ
Од друга страна Зоран Заев и покрај очигледната стратегија на одвојување на десницата од СДСМ бил соочен со извесно негодување, особено од страна на Љубчо Георгиевски, кој најудобно се чуствува во коалицијата со СДСМ идентификувајќи ги своите ставови со политиките на Зоран Заев.
Освен ова во јавноста се говори и за извесна бизнис спрега и заедничко учество во градежниот бизнис на Зоран Заев и Љубчо Гоеригиевски. Ваквите бизнис интереси досега не беа демантирани од страна посочените политичари.Очигледно е дека ваквиот чекор Ангелов го направил по претходен договор со лидерот на СДСМ Зоран Заев, и двајцата во ваквото разделување ги пресмет