СДСМ свесно го одолговлекуваше давањето на поддршката на методологијата за прочистување на списоците со цел да го намали перидот во којшто ќе се врши проверката и прочистувањето на избирачките списоците, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со одлуката на СДСМ да ја потпише методологијата на ДИК за прочистување на избирачкиот список.
– Сега одеднаш даде поддршка на методологијата. Зошто ја одоговлекуваше работата. Зошто не ја даваше таа поддршка претходно? Кому кај нив му требаа денови и недели повеќе за да се добие на време за да се доближи времето во кое што ќе се надеваат дека ќе имаат повеќе аргументи да кажат дека нема доволно време за спроведување, рече Груевски, осговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок „Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој“ што се одржа во Порта Македонија.
Тој го повтори ставот дека има доволно време да се завршат сите подготвителни работи за одржување на изборите на 24 април.
– Време има доволно. Во вообичаени процедури и законски рокови ДИК дознава дека ќе има избори во оној миг кога ќе се распушти парламентот. И тоа секогаш било на денот кога се распушта. Овојпат парламетнот се распушти некаде на средината на јануари со дејство на тоа распуштање до 24 февруари. Значи имаат огромна предност помеѓу средината на јануари и 24 февруари за дополнителни подготовки и проверки. Така што време има доволно, рече Груевски.
– Сега одеднаш даде поддршка на методологијата. Зошто ја одоговлекуваше работата. Зошто не ја даваше таа поддршка пр
Пронајдете не на следниве мрежи: