Реакција на соопштението на СДСМ во врска со здравствотоСДСМ уште еднаш покажа врвно и апсолутно непознавање на материјата.
Тоа е очекувано и логично бидејќи СДСМ добро знае дека со изборите на 11-ти декември му доаѓа крајот на неговите политики на манипулација и деструкција.
Затоа е СДСМ во очајна состојба и се обидува преку огромни небулози да произведе какво-такво соопштение полно со измислици и лажна храброст колку да се рече дека СДСМ ја критикувал Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дури и кога се работи за позитивни вести за граѓаните кои е илузорно да се критикуваат.
Незнаењето на СДСМ не може да биде сокриено со манипулации. Паниката пред избори СДСМ не може да ја покрие со лаги од фабриката за афери.
Според она што досега сме го виделе од прес-конференциите кои ги држеле членовите на нивната комисија за здравство, во СДСМ има барем тројца луѓе кои се членови во ваквата комисија. Сме ги гледале како се појавуваат пред објекти изградени во последните 10 години за кои од СДСМ тврделе дека не постојат, односно го фалеле јавно донирањето на нова медицинска опрема кога навистина се занимавале со медицина, а не работеле како портпароли на фабриките за афери на СДСМ.
Тие тројца луѓе би морале да ги посоветуваат колегите од Центарот за комуникации со цел да не се изложуваат на јавен блам покажувајќи го елементарното непознавање на нештата од страна на СДСМ.
Ова и не е толку чудно имајќи предвид дека во време на СДСМ вистинска реткост била специјализацијата во Македонија, а дообразбата на лекари надвор од границите на знаењето и методите на државата спаѓала во доменот на научна фантастика.
Докторите кои одат на дообразба се обврзани со договор да се вратат во Македонија и да придонесат за унапредување на здравствениот систем со новите стекнати знаења и познавања на методи. Така работи и тоа го прави одговорна Влада која е заинтересирана за поголем квалитет на здравствена нега за граѓаните.
Кога СДСМ раководел со здравството министрите наместо за здравјето на граѓаните беа заинтересирани за купување бисери и ѓердани и продавање стентови под маса. Затоа СДСМ е во опозиција веќе 11 години, а на 11-ти декември ќе ја добие заслужената казна од граѓаните 10-ти пат по ред.СДСМ уште еднаш покажа врвно и апсолутно непознавање на материјата.
Тоа е очекувано и логично бидејќи СДСМ добро знае д