СДСМ влегува во отворена војна со медиумите

СДСМ наместо вината да ја бара во законите за медиуми, треба да ја бара во себе. Тие директно и штетат на слободата на медиумите, бидејќи во континуитет тужат новинари, навредуваат и им се закануваат на медиуми и ги квалификуваат како свои непријатели. Денес во еден ден тие синхронизирано ја потврдуваат скандалозната изјава на Зоран Заев, поднесуваат кривични пријави и упатуваат директни закани кон новинари.Постоечките закони воопшто и не се пречка за нормално и демократско функционирање на медиумите. Напротив постоечките закони произлегоа низ една демократска и транспарентна дебата во која учество и поддршка дадоа и самите медиуми и нивни здруженија, како и преставници на ЕУ и ОБСЕ.
Наводната лоша состојба со медиумите во државата е всушност предизвикана од самата СДСМ која во континуитет врши притисоци, закани кон медиумите и поднесува бројни тужби против нив.
Најдобар показател за оваа апсурдна состојба во која СДСМ предизвикува директно мешање во слободата и работата на медиумите се денешните трите синхронизирани атаци кон медиумите и новинарите кои ги направи СДСМ.
Имено портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил упати директна закана кон новинарот Драган Павловиќ Латас.
-Господине ДПЛ  . Karma is a bitch. Свесен си дека кругот врти и дека кој од каде почнал, таму завршува. Ти си почнал од казнено-поправни установи. Таму и ќе завршиш. И тука, веќе ти нема помош, напиша Шилегов на ФБ.
Денес исто така директорот на прес центарот на СДСМ Роберт Попоивски не ја осуди скандалозната изјава на Зоран Заев со која ги прогласи медиумите за политички непријатели. Поповски дури и ја бранеше ваквата фашистичка квалифиција на лидерот на СДСМ упатена кон медиумите и повторно ги обвини новинарите и медиумите. Ова е особено загрижувачка реторика на СДСМ, ако се земе предвид дека Поповски доаѓа од новинарската фела и долги години беше претстедател на еснафското здружение ЗНМ, а сега се користи со навредливи квалификации и закани упатени директно кон новинарската професија и кон ставовите кои јавно ги искажа Здружението на новинари на Македонија.
Ваквата реторика на Заев беше осудена и од портпаролката на ЕК Маја Коцијанчиќ, но очигледно не и од Роберт Поповски.
СДСМ исто така денес покрена серија кривични пријави до медиуми во Македонија за наводен фалсификат. СДСМ ги тужи медиумите за информацијата која ја објавија во која се гледаше како СДСМ учествува директно во организирањето на својот подмладок и го повикуваше на протестите на пленумите против Владата.
Сите овие денешни активности на СДСМ покажаа дека тие се подготвени со закани и директни напади врз медиумите да предизвикаат страв кај новинарите и нивните куѓи и со тој притисок  да влијаат врз нивната уредувачка политика. Се она кое СДСМ декларативно го говореше за слободни медиуми и слободно изразување сега паѓа во вода. СДСМ го покажаа своето тоталитаристичко лицe.Постоечките закони воопшто и не се пречка за нормално и демократско функционирање на медиумите. Напротив постоечките закони произлегоа низ една дем

Пронајдете не на следниве мрежи: