СДСМ во Куманово ветуваа живот и чист воздух, но не видовме ниту живот, ниту чист воздух за граѓаните

УМС во Куманово заедно со советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа мини акција на градскиот плоштад во Куманово со делење на маски за заштита од загадениот воздух и воедно на прес конференција го повика новиот градоначалник Максим Димитриевски да превземе конкретни мерки околу загадувањето. Топ приоритет на градоначалникот беше почист возух и почиста околина, но до сега ништо не превзема за да почне да се решава овој проблем кој е од големо значење за сите граѓани а посебно за младите во градот. -Ситуацијата со загадувањето во Општина Куманово во текот на изминативе недели е повеќе од алармантна. Се соочуваме со поразителни и загрижувачи податоци за огромна концентрација на ПМ10 честичките во воздух. Овие бројки се енормно големи и се повеќекратно над дозволени штетни честички во воздухот,со што сериозно е ставено во опасност здравјето на граѓаните и животната средина во целост, рече советничката Невена Величковска.
Но и покрај ваквата сериозна и загрижувачка состојба, нагласи таа, градоначалникот и локалната власт сеуште немаат преземено никакви конкретни мерки за ублажување на ситуацијата со загаденост во нашиот град, ниту пак има најави дека нешто ке се превземе во блиска иднина.
-Сакаме да го потсетиме градоначалникот Максим Димитриевски дека во својата изборна програма имаше само обични флоскули како мерки за чист воздух и чиста околина. Затоа ние иницираме и бараме од градоначалникот во најкраток можен рок да превземе конкретни мерки за намалување на загаденоста во градот. Знаејќи дека во наредниот период се изготвува Буџет на Општина Куманово за 2018год., како советничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ апелираме во истиот да бидат предвидени повеќе финансиски средства за справување со овој горлив проблем кој прераснува во сериозна еколошка катастрофа. Да потсетиме дека ветуваа живот за сите, чист воздух за сите но не видовме ниту живот ниту чист воздух за ѓраѓаните на Куманово, рече Величковска.
 -Ситуацијата со загадувањето во Општина Куманово во текот на изминативе недели е повеќе од алармантна. Се соочуваме со поразителни и загрижувачи по

Пронајдете не на следниве мрежи: