СДСМ за директор спротивно на закон предлага член на највисокото партиско тело

Новата Влада на СДСМ без елементарно почитување на законските норми продолжува да именува нови директори. Таков е и последниот случај со Спасе Глигоров, кого Владата вчера го именуваше за нов директор на Агенцијата за администрација.Наместо ветената професионализација, Македонија добива партизација на институциите. Имено, новиот директор на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров е член на Извршниот одбор на СДСМ. Дополнително, СДСМ и Заев наместо почитување на законот при именување и разрешување на директори покажуваaт елементарно непочитување на законите и кршење на законските норми.

Предлогот на СДСМ Глигоров да биде директор на Агенцијата за администрација е спротивно на законот, бидјеќи во член 16 од Условите за именување и надлежности на директорот и неговиот заменик е предвидено истиот да не е член на органи на политичка партија, а Глигоров е член на највисокото партиско тело на СДСМ.
 
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека СДСМ сака целосно партизирана држава со целосна контрола врз сите државни институции.

-За цело ова време министерството за информатичко општество и администрација молчи. Тие чиј закон е основен и грубо се прекршува се оние кој го толерираат и одобруваат ова. Тоа е така затоа што и министерот Манчевски е дел од тој ланец на непрофесионална и некомпетентна администрација каква гради СДС. Кова првите луѓе на институциите се низ незаконска процедура поставени можете да замислите што се случува низ спиралите на администрација на останатите полиња, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова.
Пратеничката ги повика и управниот инспекторат и трудовата инспекција да реагира за кршењето и непочитувањето на законите.
-СДС ветуваше професионалци, а добивме некомпетентни кадри кои се именуваат и со кршење на законските правила при именување, заклучи Александрова.Наместо ветената професионализација, Македонија добива партизација на институциите. Имено, новиот директор на Агенцијата за администрација, Спасе Г

Пронајдете не на следниве мрежи: