СДСМ од железницата украде се што можеше да се украде кога беше на власт. Им ги украде платите на работниците, не вложи ниту денар во реконструкција на возовите, а купувањето нови возови беше забранета тема.СДСМ железницата ја остави да пропаѓа без око да му трепне.
Денеска СДСМ излегува на прес-конефренција како криминалецот кој секогаш се враќа на местото на злосторот и зборува како ова никогаш да не се случило.
Единствениот влог на СДСМ во железницата се неколкуте бетонски столбови од никогаш изградената пруга кон Бугарија. И граѓаните тоа одлично го помнат.
За разлика од криминалците од СДСМ кои знаат само да лажат и манипулираат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи 25 милиони евра само за набавка на 6 нови патнички возови, како и дополнителни 15 милиони евра за набавка на нови 150 товарни вагони. Во тек е набавка и на 3 нови локомотиви, инвестиција од 7 милиони евра.
СДСМ заборави да потсети и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им ги исплати сите заостанати плати на вработените што СДСМ им ги украде. СДСМ уште од 2006 година зборува за црни сценарија во железницата, но наместо колапс се случија најголемите инфраструктурани вложувања во историјата на независна Македонија.
Во изминатите години Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестираше околу 48 милиони евра за реконструкција на пругите на Коридор 10 како и за набавка на нови товарни вагони и нови патнички возови. Дополнително се модернизираше железничката станица во Скопје.
Во тек се инвестиции во висина од над 80 милиони евра за изградба на нови пруги кон Бугарија и Грција, реконструкција на една делница на Коридор 10, како и реконструкција на 10 железнички станици на истиот Коридор.
Се гради пругата кон Бугарија, првата делница од Куманово до Бељаковце, инвестиција од 40 милиони евра. Набргу ќе започне да се гради и втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, инвестиција од 147 милиони евра. Во тек е проектирањето на третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, се гради пругата од Битола до границата со Грција, инвестиција од 19 милиони евра, се реконструира пругата од Ногаевци до Неготино, инвестиција од 9,4 милиони евра, а во тек е и проектирање на нова пруга од Кичево до границата со Албанија и дополнително на еден крак до Охрид.
Ова се само дел од проектите и инвестициите што Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги вети и започна да ги реализира во Железницата, а за СДСМ се мисловни именки, бидејќи СДСМ не знае да работи и да подобрува. СДСМ знае само да лаже и манипулира за да се обиде да ја сокрие својата непсособност.
Но таа е невозможно да се сокрие. За граѓаните СДСМ е прочитана книга. Затоа го чуваат во опозиција цела деценија.СДСМ железницата ја остави да пропаѓа без око да му трепне.
Денеска СДСМ излегува на прес-конефренција како криминалецо