По завршувањето на подготвителните активности на теренот , денес механизацијата на ЈП „Македонија Пат “ , во општина Чешиново-Облешево започна со активност за асфалтирање на патниот правец Бурилчево-Аргулица.Овој патен правец е во должина од 3,5 километри и ќе овозможи поврзување на општина Чешиново-Облешево со општина Карбинци.
„Изградбата на овој регионален пат е од големо значење за жителите кои гравитираат кон двете општини односно кон општина Чешиново-Облешево и општина Карбинци и во меѓусебна соoбраќајна комуникација скратуваат дури 25 километри за поврзување со општина Штип. Со завршувањето и на оваа фаза од изградбата на овој пат жителите на Чешиново-Облешево ќе добијат комплетно нова сообраќајна делница кој ќе ги поврзува со соседната општина Карбинци и Штип.
Средствата за изградба на овој регионален пат се обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски.Овој патен правец е во должина од 3,5 километри и ќе овозможи поврзување на општина Чешиново-Облешево со општина Карбинци.